Премиерот Оливер Спасовски на денешната онлајн прес конференција изјави дека ќе се тестира за корона вирус, пренесе Фактор.
„Јас имам голема доверба во здравствените работници“, нагласи Спасовски.
Филипче кажа дека членовите на Владата кои беа на состанокот со Кризниот штаб во Куманово и кои сега се во изолација се уште не се тестирале за КОВИД-19.
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и членови на кризниот штаб се позитивни.
За случајот се истражува дали имало пропуст.
Извор: Фактор