Бирото за јавна безбедност преку Одделот за криминалистичка полиција во рамките на засилените мерки во борбата против недозволената трговија со дрога во координација и насоки со ОЈО Кавадарци во моментов спроведува акција на подрачјето на град Скопје, при што во магацин во населба Бутел се пронајдени и одземени 12 палети во кои има еден тон и двесте и четириесет килограми (1240 кг) наркотична дрога марихуана спакувана во полиетиленски вакумирани пакувања и црни полиетиленски вреќи, предмалку информираше директорот на БЈБ, Саше Тасевски.