ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Палмер: САД се најголем поединечен контрибутор во меѓународните институции

Кризата со Ковид 19 е трансгранично прашање и приоритет за секоја влада на планетата. САД активно работат заедно со земјите од Западен Балкан, како и со партнерите во Европа за да помогнеме во глобалниот одговор на актуелната глобална закана, истакна американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Метју Палмер на он-лајн видео конференција „Дипломатија во кризни времиња и други алатки за влијание во Југоисточна Европа во време на КОВИД-19“

April 23, 2020 16:32
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Кризата со Ковид 19 е трансгранично прашање и приоритет за секоја влада на планетата. САД активно работат заедно со земјите од Западен Балкан, како и со партнерите во Европа за да помогнеме во глобалниот одговор на актуелната глобална закана, истакна американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Метју Палмер на он-лајн видео конференција „Дипломатија во кризни времиња и други алатки за влијание во Југоисточна Европа во време на КОВИД-19“ што ја органзираа Економскиот форум во Делфи и Атлантскиот совет, на која учествува и шефот на дипломатијата на Северна Македонија, Никола Димитров, пренесува МИА.

– САД веднаш издвоија значителни средства за помош низ целиот свет. Дел од средствата се директна помош за земјите од Западен Балкан, а дел одат преку меѓународните институции за борба со пандемијата. САД се најголем поединечен контрибутор во меѓународните институции, вклучувајќи го системот на ОН, како и во Светска банка, ММФ, ЕБОР кои сега преземаат мерки за помош и поддршка на економиите во кризата од пандемијата. Подршка стигнува и од американските граѓани и компании како Кока Кола, Микрософт, ИБМ, рече Палмер, посочувајќи оти Гугл помогнал за креирање на информативен сајт за Ковид-19 во Северна Македонија.

Таа подршка, вели Палмер, е двонасочна – и земјите од регионот и помагаат на САД. Со заедничка соработка и солидарност беше направена репатријација на граѓаните затекнати во други земји.

– Тоа е манифестација на партнерство и солидарност. САД се во регионот и во Европа и стојат рамо до рамо со своите партнери и сојузници и активно работат за заеднички одговор на актуелниот предизвик со пандемијата на Ковид-19, истакна Палмер.

Александрос Диакопулос, советник за национална безбедност во кабинетот на премиерот на Грција, на онлајн дебатата посочи дека неговата земја досега успешно се справува со коронавирусот, а генерално таква е сликата и за целиот Балкан.

– Земјите од Балканот направија добра работа. Тоа е добро за регионот, зашто после многу години можеме да бидеме пример за останатите како реагиравме за пандемијата, рече Диакопулос.

Во однос на безедносоната ситуација, тој смета дека покрај индивидуалните напори на секоја земја, потребна е поширока меѓусебна соработка. Главниот збор во тоа, според него, треба да го имаат САД, кои треба да бидат фолусирани на регионот и Европа.

– Верувам дека треба да се засили соработката, наспроти конфронтацијата. Потребна е поголема соработка во регионот, меѓу земјите, поголема трансатлантска соработка и соработка со ЕУ. САД треба да ја предводат таа соработка, да не го напуштаат регионот, Европа и трансатлантските вредности со цел успешно да се справиме со проблемите кои ни претстојат зашто ќе се соочиме со многу тешки економски времиња во блиска иднина. Земјите сами не можат да се справат и тоа треба секому да му биде јасно, рече Диакопулос.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС

May 14, 2025

Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната

May 14, 2025

Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неуспехот со уставните измени ја протресе удобноста на Мицкоски!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk