ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Време е за европска солидарност, заеднички ќе се справиме со економските последици од корона вирусот

Во своето обраќање, претседателот Заев истакна дека сега, во време кога Еворпската Унија и целиот континент се соочуваат со здравствена и економска криза, е момент за европска солидарност и редизајнирање на мерките за помош и поддршка особено на најранливите. Солидарноста, додаде тој, е европска но и врвна социјалдемократска вредност.

April 23, 2020 17:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска учествуваше на вонредниот состанок на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) кој се одржа преку видеоконференција, а на кој се разговараше за надминување на економските последици предизвикани од кризата со коронавирусот, соопштуваат од СДСМ.

Во своето обраќање, претседателот Заев истакна дека сега, во време кога Еворпската Унија и целиот континент се соочуваат со здравствена и економска криза, е момент за европска солидарност и редизајнирање на мерките за помош и поддршка особено на најранливите. Солидарноста, додаде тој, е европска но и врвна социјалдемократска вредност.

Заев го поздрави предлогот на пратеничката група на ПЕС (Социјалисти и демократи) поднесен до Европскиот парламент, а кој има за цел подготовка на пакет мерки за справување со економските последици од коронавирусот.

„Целосно го поддржувам предлог планот на ПЕС за брзо економско закрепнување во вредност од 1,3 трилиони евра, средства кои, во голем дел како форма на грантови ќе се распоредуваат по државите за излез од кризата. Овој план кој се заснова на солидарност и меѓусебна поддршка во голема мера ќе значи силна поддршка на економиите, нивна стабилизација и полесно пребродување на кризата“ посочи Заев.

Тој ја искористи приликата да се заблагодари на помошта што Република Северна Македонија ја добива од Унијата во справувањето со здравствените и економски последици од коронавирусот.

„Изрaзувам особена благодарност за се она што ЕУ го прави за Северна Македонија како помош во битката против корона вирусот. Благодарни сме што нашата земја е исклучок во забраната за извоз на здравствена опрема од ЕУ, што нашата држава е вклучена и добива помош преку Европскиот механизам за цивилна заштита. Секако, голема благодарност и за финансиската помош од ЕУ. За нас, тоа се значајни финансиски средства, затоа што создаваме план за спас на секое работно место, за зачувување на секоја компанија, а со тоа и побрзо надминување на економската криза“ заклучи претседателот Заев.

Next Post

Димитров: Членството во НАТО и одлуката за преговори со ЕУ – силна порака за перспективата на регионот

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk