ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Галетановски: Изненадување за сите, фламингата се тука, за 20 дена достапни за јавноста

April 23, 2020 23:10
in ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Пандемијата на КОВИД-19 ги погоди луѓето, но во исто време и животните ширум светот претрпеа сериозни последици на оваа вонредна состојба. Во разговор со директорот на Скопската Зоолошка Градина, Ѓорги Галетановски дознавме каква е моменталната состојба на животните во нашата зоолошка, кое е изненадувањето кое ексклузивно за Фронтлајн го открива директорот, и какви се плановите за функционирањето на Зоолошката во иднина.

ФРОНТЛАЈН: Како функционира Зоолошката градина во вакви услови кога вратите се затворени за јавноста, каква е моменталната состојба на животните, како се одвива грижата околу нив и сите останати активности?

ГАЛЕТАНОВСКИ: Моментално малце е покомплексна ситуацијата во Скопската зоолошка затоа што прво беше една од најпосетените, можеби лани беше и најпосетена институција во државата, и од еднаш, од кога фати вирусот Корона како сѐ да прекина и за посетителите и за животните. Од еднаш во еден ден се сменија многу навики внатре, многу ситуации. Некогаш приметувам и на животните им е чудно што е се одеднаш таква тишина, сепак и они беа навикнати на многу народ. Верувам дека и на посетителите не им е сеедно, секој викенд им беше навика да си ги носат дечињата тука, но да се надеваме дека побрзо ќе заврши оваа ситуација.

ФРОНТЛАЈН: Неколку зоолошки и музеи и друг тип на социјални објекти во светот веќе овозможија онлајн посети. Дали можеби вие спремате некој таков проект или доколку имате спремно нешто во врска со тоа дали може да ни кажете?

ГАЛЕТАНОВСКИ: На социјалните станици на Фејсбук, на Инстаграм, скоро секој ден оди вклучување во живо, се вклучува нашиот ПР Тина, со секојдневни активности како што се ранење на животните, дезинфекција на целата зоолошка и други активности и децата имаат можност по некои 15-20 минути да не следат секојдневно.

ФРОНТЛАЈН: Може ли да ни кажете нешто за новите живеалишта на фламингата и на пингвините, и за проектот на првиот Дино парк во Скопје што го најавивте, до каде се подготовките и како се одвиваат во вакви услови на пандемија?

ГАЛЕТАНОВСКИ: Среќа што Град Скопје беше тука да ни помогне највеќе кога ни требаше за тие живеалишта, јас кога дојдов кога ме назначија имаше само оградени дупки, планирале да прават нешто ветиле, но смогнавме сили со помош на градоначалникот и Град Скопје и ја забрзавме целата ситуација и денес веќе имаме готово живеалиште за фламинга, за пингвини е пред крај исто, за некои месец дена ќе биде готово, фламингата се веќе тука да ви кажам вака ексклузивно, првпат во медиум објавувам дека се тука. Во карантин се, карантинот е уште некаде 20 дена според нашиве ветеринари и се надеваме дека за 20 дена и за јавноста ќе бидат достапни, дали онлајн, дали.. ќе бидете известени и ќе присуствувате на отворањето. Живеалиштата се правени по многу светски стандарди, како што други кажуваат нема такво живеалиште за фламинга негде во Европа, стварно е прекрасно, за пингвините исто така ќе видите.

ФРОНТЛАЈН: Какви се вашите планови, на какви проекти работите вие и вашиот тим за претстојниот период во кој би се намалиле мерките за спречување на ширењето на пандемијата, односно каква програма спремате за посетителите на Зоолошката кога ќе ги отворите вратите за јавноста? Дали имате план можеби да донесете нови животни во претстојниот период освен фламингата?

ГАЛЕТАНОВСКИ: На листа на чекање потврдени животни се пингвините кои што малку задоцнија, не очекувавме ваква ситуација, требаше и тие да стигнат карантински. Тие се премногу нежни животни можеби и добро е во оваа ситуација што се одложи малце. На листа на чекање се исто двогрбите камили што ги нема во зоолошката, тие пристигаат од Чешка, значи штом се среди ситуацијава и се отворат границите и нашите протоколи кои можат да се завршат со документи ќе стигнат камилите, ќе стигнат пингвините, уште некои многу тропски птици имаме од Берлин кои што треба да ни стигнат од германската зоолошка и напоредно преговараме за сѐ друго.

Што се однесува до кога ќе ја отвориме зоолошката јас би бил најсреќен да може и уште овој викенд да се отвори затоа што секојдневни се прашањата на родителите и на децата, но дај боже да се среди целава ситуација, да ја снема пандемијава и во најбрз можен рок да ги отвориме вратите, меѓутоа свесен сум и јас и мојот тим дека ќе мора да работиме по некој построг критериум, протокол, ги спремаме тие протоколи и кога би отвориле да функционираме со ограничен број на посетители, со онлајн билети, и сепак е отворено место зоолошката е 30.000 метри квадратни и не би било проблем да има дневно по 500-600 посетители, меѓутоа да биде во присуство на редари, во строга контрола со заштитна опрема како што наложува законот и се надевам дека ќе успееме во ова.

Искра Ежова
Монтажа: Ариан Мехмети

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Стармер најави состанок во Лондон за „ресетирање“ на односите на Велика Британија со ЕУ

May 16, 2025

Мицкоски вели – стратешкиот договор со ОК ќе овозможи инвестициски циклус од околу шест милијарди евра

May 16, 2025
Фото: Емануел Макрон нa „X“

Макрон и Зеленски по телефонскиот разговор со Трамп: Украина е подготвена за мир, Русија купува време и ја продолжува војната

May 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) „Евровизија“: Познати сите 26 финалисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИНТЕРВЈУ со Драган Тилев: Албанија и Црна Гора имаат јасна перспектива за членство во ЕУ, Македонија не напредува во процесот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од сопатник со Албанија, Македонија десетици чекори зад неа на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk