ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Сугарески: Не запираат реконструкциите на патиштата, комуналната мрежа и железницата (ВИДЕО)

Сугарески, заедно со директорот на јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, ја презентираа реализацијата на проектите во ресорот транспорт во првите три месеци од годинава.

April 25, 2020 11:37
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Капиталните инвестиции не запираат и во време на оваа пандемија, проектите се во тек, а градежните работи се одвиваат непречно. Имаме добра реализација на капиталните инвестиции во ресорот транспорт. Интензивно се работи на патиштата, на водоводи и канализации, се гради гасоводот и нови социјални станови“, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески на денешната прес-конференција.

Сугарески, заедно со директорот на јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, ја презентираа реализацијата на проектите во ресорот транспорт во првите три месеци од годинава.

Министерот Сугарески истакна дека реализацијата на капиталните инвестиции во Министерството за транспорт и врски е 10%. Активно се работи на патната мрежа низ цела држава, на преку дваесетина проекти во комуналната инфраструктура, на изградба на двата магистрални гасоводи, на железницата и на изградба на преку петстотини социјални станови.

„За изградба на канализации и водоводи реализиравме 21% од планираните средства преку Европската инвестициона банка и 15% за проектите преку КФВ банката. Интензивно работиме и на изградба на комуналната инфраструктура во Индустриската зона Визбегово, се работи и во Битола, Кавадарци, Радовиш, Велес, Теарце, Липково, Чашка и други општини во државата. Во делот на изградба на магистралниот гасовод Неготино-Прилеп-Битола имаме 86% реализација, додека гасоводот Скопје-Тетово-Гостивар бележи реализација од 58%.

За изградба на пругата од Куманово до Бељаковце до сега реализирани се 70 милиони денари или 17% од планираните средства, а во однос на делницата Бељаковце-Крива Паланка сакам да истакнам дека тендерската постапка за избор на изведувач е во тек и очекуваме до крај на годинава тендерот да заврши. Започнавме изградба на три нови згради за социјално ранливи категории на граѓани или вкупно се градат 506 станови во Неготино, Виница, Свети Николе, Пробиштип и во Бутел”, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Министерот Сугарески додаде дека исплатени се 21 милион денари за финансиска поддршка за нови авионски линии, но поради настанатата состојба договорот со авиокомпанијата Визер е ставен во мирување.

Директорот на јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов истакна дека првиот квартал е успешен, а изградбата и модернизацијата на патната мрежа во земјава продолжува со силно темпо.

Китанов потенцираше дека во моментов се работи на рехабилитација на повеќе делници во вкупна должина од 150 километри, во завршна фаза се тендерите за реконструкција и рехабилитација на 84 километри патна мрежа, а набрзо ќе се распишат тендери за рехабилитација на 15 патни правци со вкупна должина од 232 киломтери.

„Градбите продолжуваат со редовно темпо и покрај вонредната состојба. Одговорно тврдам дека нема да има кратење на капиталните инвестиции кои се однесуваат на инфраструктурните проекти. Јавното претпријатие за државни патишта продолжува да ја реализира Годишната програма за изградба, реконструкција, и рехабилитација на државните патишта. Во таа насока, сакам да истакнам дека од предвидените 18.523.300.000 денари, за првиот квартал се реализирани околу 4 милијарди денари што значи дека нема никаков застој и работиме интензивно на терен согласно со временските услови и согласно со препораките воведени со вонредната состојба“, истакна директорот на јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов.

Тој додаде дека се интензивно се работи на изградба на експресните патишта и рехабилитација на преку триесетина регионални и магистрални патни правци.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Таравари до Мицкоски поднесе оставка од функцијата министер за здравство

May 15, 2025

Пад на цената нафтата по зголемените изгледи за постигнување американско-ирански договор

May 15, 2025
Фото: Влада РСМ

Муцунски во Анталија: Подвлечен придонесот на државава како стабилен и конструктивен сојузник на НАТО

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

    ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници за прв пат претворија олово во злато

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери не го поддржаа законот за Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk