Социјалниот дијалог што го води ССМ со Владата и аргументираните барања даваат резултати, истакнува Сојузот на синдикати во соопштението кое уследи по објавата на Владата дека се изменети двете уредби кои во изминатите денови наидоа на жестоки реакции од страна на синдикалните организации.
– Во соопштението од ССМ се наведува дека со донесените измени се гарантираат работните места во услови на криза, се обезбедува заштита на работничките права и достоинствен приход и се оневозможува неправедно прекинување на работниот однос.
– По предлог на ССМ и синдикатите на денешната седница Владата донесе дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за работни односи за време на вонредна состојба со која се овозможува ретроактивно вработување на лицата на кои работниот однос им престанал во периодот од 11 март до 30 април и соодветно нивно пријавување во системот на задолжително социјално осигрување со што ќе се намалат последиците од настанатите состојби во овој период, вели ССМ во соопштението.