ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Регионална електронска платформа за домашните фирми со странските инвеститори

Проектот за поврзување на домашните компании со странските инвеститори, за кој Министерството за финансии потпиша меморандум за соработка со Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) и Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија (СЕКО) ќе стартува од наредниот месец

October 20, 2019 13:16
in ЕКОНОМИЈА
Нина Ангеловска, Министерка за финансии

Нина Ангеловска, Министерка за финансии

Share on FacebookShare on Twitter

Домашните фирми ќе можат да се поврзуваат со странските инвеститори во регионот преку регионална електронска платформа. Проектот за поврзување на домашните компании со странските инвеститори, за кој Министерството за финансии потпиша меморандум за соработка со Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) и Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија (СЕКО) ќе стартува од наредниот месец, јавува МИА.

Тој проект бил една од темите на средбата помеѓу министерката за финансии Нина Ангеловска и директорката за Европа и Централна Азија на ИФЦ Вибке Шломер за време на Годишните средби на Групацијата Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд, кои се одржуваат во Вашингтон.

– Преку регионалниот проект, кој освен кај нас ќе се реализира и во Србија и Косово, предвидено е развивање регионална електронска платформа за поврзување на добавувачи и купувачи, како и можност за движење на работната сила од една во друга земја во рамки на регионот. Исто така, во рамки на проектот ќе се направи студија какви професии се потребни во приватниот сектор, како и подобрување на бизнис окружувањето во делот на трговијата, прекуграничната соработка и даноците, соопшти Министерството за финансии.

На состанокот, информираат оттаму, се зборуваше и за ангажманот на ИФЦ да изработи прелиминарна анализа, односно економско-финансиска исплатливост на ХЕЦ Чебрен. По прелиминарната анализа доколку таа покаже изводливост, ќе следува подготовка на тендерска документација.

Од страна на ИФЦ, на средбата е изразена подготвеност за поддршка на проекти во приватниот сектор, туризмот и обновливите извори на енергија

Next Post

На ГП „Богородица“ во автомобил пронајдени 11 килограми марихуана

НАЈНОВО

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

СДСМ: Нема никаква поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk