ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димитров: Хрватското ЕУ претседателство за нас беше суштествено во политичка смисла

Според Димитров, чувството на заедништво и солидарност што се создаде во текот на кризава со пандемијата меѓу ЕУ и Западен Балкан, неопходно е да се одржи и во пост-пандемската иднина и употреби како двигател за конечно комплетирање на ЕУ проектот, што е од несомнен заемен интерес.

May 7, 2020 16:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Можеби хрватското претседателство со Советот на ЕУ може да се нарече „виртуелно“ во логистичка смисла, но за нас дефинитивно беше суштествено во политичка смисла. И за тоа сме им исклучително благодарни на нашите хрватски пријатели, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров, на денешната онлајн дебата на тема „Балканот во нова ера – преглед на хрватското ЕУ претседателство“, во органиција на бриселскиот тинк-тенк „Вилфрид Мартенс – Центар за Европски студии“, кој е официјален тинк тенк на Европската народна партија, имајќи ја предвид одлуката на Европскиот совет од март за почеток на пристапните преговори со нашата земја.

Како што соопшти МНР, за време на дискусијата се направи осврт на досегашниот тек на т.н. прво „виртуелно“ претседателство со Советот на ЕУ од страна на најмладата земја членка – Хрватска, во контекст на исклучително сложени околности со оглед на пандемијата, кое и покрај тоа успеа да испорача повеќе клучни чекори – како што е одлуката за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија. Притоа, се додава, фокус се даде и на следните чекори и очекувања за време и по хрватското претседателство во однос на нашата евро-интеграција, како и на новата методологија за пристапниот процес, динамиката во регионалните односи и секако на исходот од вчерашниот виртуелен Загрепски Самит ЕУ-Западен Балкан.

 

Во однос на вчерашниот Самит ЕУ-Западен Балкан, се посочува, самиот факт што се одржа во вакви околности, како и досегашната и идната поддршка од страна на ЕУ за справување со здравствените и социо-економските последици од пандемијата, се повеќе од јасен сигнал за значењето и идното место на Западен Балкан во Европската Унија.

Според Димитров, чувството на заедништво и солидарност што се создаде во текот на кризава со пандемијата меѓу ЕУ и Западен Балкан, неопходно е да се одржи и во пост-пандемската иднина и употреби како двигател за конечно комплетирање на ЕУ проектот, што е од несомнен заемен интерес.

Во дискусијата, покрај Димитров учествуваа и хрватскиот министер за надворешни и европски работи, Гордан Грлиќ Радман и европратеникот и претседавач на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер (Европска народна партија), а во улога на модератор беше Патрик Волер, секретар за надворешни односи на ЕНП, стои во соопштението.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Утре ќе се разговара за времетраењето на полицискиот час, а в сабота за олабавување на мерките

НАЈНОВО

Скопје добива вода, но сè уште со слаб притисок по големиот дефект во Влае

October 6, 2025
Повеќенеделни антируски окупациски протести во Тбилиси во летото 2019 година, кои следеа по посетата на рускиот пратеник Сергеј Гаврилов во главниот град на Грузија. Фото: Еана Корбезашвил

ЕУ остро ја критикуваше Грузија за локалните избори

October 6, 2025

Слушнавме експлозија, земјата се стресе, мислевме дека е земјотрес, сведочат жители за водоводниот дефект во Влае

October 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk