ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Коалиционите партнери на СДСМ согласни државата да продолжи по европскиот пат

October 21, 2019 00:41
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА

Коалиционите партнери на СДСМ се согласни дека мора да продолжи европеизацијата на државата и покрај негативниот исход од Брисел. На вечерашниот состанок на премиерот и лидер на СДСМ во партиското седиште со коалициските партнери, тие ја поддржаа одлуката на 12 април да се одржат предвремените парламентарни избори, пренесува МИА.

Заев по состанокот изјави дека верува оти ќе добие чист мандат и изрази оптимизам дека има доволно време во претстојниот период да се реализираат поголем дел од веќе најавените мерки.

„Програмата ќе биде создадена во овој период, а за реализацијата на она што досега не е реализирано, има доволен период да биде реализирано во претстојните безмалку шест месеци до изборите. Вака фокусирани продолжуваме да им служиме на граѓаните. Ние сме лидерите на граѓаните кои ја димензионираат иднината на Република Северна Македонија на вистинскиот пат по којшто не препозна ЕУ и САД и целиот демократски свет, патот кој докажавме дека е возможно да се пронајде по овие 28 години независност. Веруваме дека граѓаните ќе останат цврсто на таа определба давајќи поддршка на еден чист мандат со кој ќе ги продолжиме тие политики“, рече Заев.

Тој додаде дека СДСМ предложил изборите да се одржат во декември, но оти против ваквиот предлог била ВМРО-ДПМНЕ со образложение дека ќе нема 100 дена техничка влада. Заев е задоволен што датумот е одреден со консензус и се надева дека исто така ќе се најде консензус и за Законот за јхавното обвинителство.

„ВМРО-ДПМНЕ ги извади прво аргументите дека не сакаат до крајот на оваа година и веќе почнаа да се разгледуваат датумите. Јануари и февруари се ризични државата да ја оставиме без Парламент. Тогаш почнаа да се разгледуваат варијантите и го избравме 12 април. Мене ми е драго што со коалициските партнери стоиме сите заедно. Тоа нека биде порака дека сме повеќе зрели и знаеме да се договориме кога треба да се договориме за да тоа и помогне на нашата земја“, нагласи Заев.

Одговарајќи на новинарски прашања, Заев рече дека неговата партија според анкетите води пред ВМРО-ДПМНЕ со три проценти поенти и оти кон крајот на октомври или ноемрви ќе направат уште едно истражување на јавното мислење.

Лидерот на НСДП, Тито Петковски по состанокот изјави дека во овој момент треба да се направи синергија и да се мотивираат што повеќе интелектуалци, граѓански организации и политички партии за да се направат избори кои ќе бидат одраз на вистинското расположение на граѓаните.

Next Post

Заев и коалиционите партнери согласни околку изборите и европскиот пат на државата

НАЈНОВО

Ослободителната пресуда за Блатер и Платини стана конечна

August 28, 2025
Бујар Османи

Османи: Обвинителството и Антикорупциска немаат најдено ниту една забелешка околу организирањето на Самитот на ОБСЕ

August 28, 2025

Финалето во Лигата на шампиони од наредната година во попладневен термин

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk