Еден од многуте примери на тоа што може да ѝ се случи на една жена која има јавна професија и професионално си ја извршува работата: навреди за неа и нејзините блиски, ејџизам, клевети, коментари за нејзиниот љубовен живот и закани во приватни пораки.
Поддршка од Хелсиншкиот комитет.
Сигурни сме дека она што го проживува Богданка Кузеска во моментов е само почеток на родово базираниот говор на омраза кој ќе го посведочиме во предизборниот и изборниот период. Фактот што една жена има јавна функција, на никој начин не е изговор за нејзиниот приватен живот да биде споделуван, коментиран ниту осудуван. Даваме поддршка на Богданка Кузеска и будно ќе го следиме изборниот период. Нула толеранција за родово базиран говор на омраза.