Светскиот ден на пчелите секоја година се слави на 20 мај. Овој ден се поврзува со Антон Јанша кој е роден на овој датум, кој во 18 век вовел модерни техники за пчеларство во родната Словенија и бил еден од првите луѓе што помогнале да се потенцира важноста на пчелите во светот. Оттогаш, пчеларството станува витална неопходност во светските економски и еко системи.
Сепак, многу луѓе сè уште не ја сфаќаат важноста ниту знаат како да помогнат во зачувување на пчелите, со што се доведува објавување на Светскиот ден на пчелите преку Обединетите нации.
Пчелите и другите опрашувачи како лилјаците и пеперутките постепено се под глобална закана од истребување заради човечки активности. Според експертите, опстанокот на нашиот екосистем во голема мерка зависи од фундаменталниот процес на опрашување. Повеќето од цветните растителни видови, целосно или делумно, зависат од опрашување на животните. Опрашувачите придонесуваат и за безбедноста на храната и зачувување на биолошката разновидност.
Светскиот ден на пчелите во 2020 ќе има за цел зајакнување на мерките за заштита на пчелите и другите опрашувачи како и секоја година. Според упатствата на Обединетите нации, Светскиот ден на пчелите има цел да даде значителен придонес за решавање на проблемите поврзани со глобалниот синџир на снабдување со храна и елиминирање на гладот во земјите во развој.
И.Ежова