Бебе старо само два дена, од Јужна Африка, почина од коронавирусот, пренесе Би-би-си.
Министерот за здравство, Звили Мкхизе, во средата вечерта потврди дека станува збор за предвреме родено бебе, чија мајка била заразена со коронавирусот.
– Новороденчето е родено со проблеми со белите дробови, кое било на респиратор за дишење, а мајката е заразена со ковид-10- рече тој.
Здравствените служби соопштија денеска дека ова е прв случај на смрт кај бебе во Африка.
Смртните случаи кај бебињата заразени со коронавирусот се многу ретки, но сепак има исклучоци.
Владата во Јужна Африка, воведе полициски час кон крајот на март, поради пандемијата со коронавирусот.