ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Манчевски: Утре ќе се знае каков полициски час ќе има за викенд

Она што може да се забележи деновиве има мал пораст на бројките на светско ниво. Нашите здравствени власти ги знаат точно кластерите и немаме непознати жаришта. Дел од заразените се од литијата во Струга, како и од вечерите за Ифтар. Затоа ако сакаме да се олабават мерките ќе мора да се зголеми личната одговорност преку почитување на мерките за заштита, рече Манчевски.

May 21, 2020 19:38
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на утрешниот ден ќе има одлука на Владата каков полициски час ќе има викендов. Се вршат консултации, досега се почитуваа препораките, ние ги следиме експертските мислења. Ќе мора да одиме кон олабавување на мерките, но тоа значи почитување на другите нерестриктивни мерки. Но, тие мерки не се почитуваат, не се носат маски, не се почитува растојание. Ако сакаме да имаме намалување на мерките, мора да се почитуваат препораките.

Ова го изјави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски на вечерашното гостувањето на ТВ 24, потенцирајќи дека олабавувањето на мерките е правопропорционално со почитување на препораките.

– Она што може да се забележи деновиве има мал пораст на бројките на светско ниво. Нашите здравствени власти ги знаат точно кластерите и немаме непознати жаришта. Дел од заразените се од литијата во Струга, како и од вечерите за Ифтар. Затоа ако сакаме да се олабават мерките ќе мора да се зголеми личната одговорност преку почитување на мерките за заштита, рече Манчевски.

Посочува дека денеска имаме 40 новозаболени, но, вели, далеку сме од деновите кога имаше над 100 заразени.

– Затоа сметам дека тоа што ќе произлезе утре од Кризниот штаб, од Комисијата за заразни болести и од владината седница ќе биде конечен став. Од една страна бараме олабавување на мерките, од друга имаме критика дека здравството не се справува добро со кризата. Јас сметам дека одлично се справуваме со пандемијата. Клучна улога имаа и медиумите кои редовно ги пренесуваат мерките. Ние како држава бевме меѓу првите со мерките, со државните карантини… МВР, конкретно министерот на телевизија каа дека некој го тера да ги казнува граѓаните, а тој не сакал да ги казнува, изјави Манчевски.

За Манчевски, отсуството на санкции од страна на МВР кон граѓаните кои не ги почитуваат мерките создава нееднаков третман.

– Дел од заболените се од литијата, дел се од од прославата на МВР, а еве изминувааат две седмици како ништо не е преземено за настаните каде што не се почитуваат мерките, немаме информации дали Внатрешна контрола на МВР прави истрага за службениците кои беа на терен, а не презедоа ништо. И затоа граѓаните се во недоумица, односно чувствуваат дека нема еднаков третман кон сите. Сите, и институции и граѓаните, сега кога се олабавуваат мерките насекаде, да апелираме да се почитуваат мерките за заштита, истакна Манчевски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС

May 14, 2025

Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната

May 14, 2025

Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неуспехот со уставните измени ја протресе удобноста на Мицкоски!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk