ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Втор обид за ревидирање на учебниците по социологија со дискриминаторски содржини

Секоја влада во ова министерство ги менува министрите, а со тоа се покажува несериозниот третман на образованието, вели Драгана Дрндаревска, правничка од тимот на „Маргини“.

May 27, 2020 11:23
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На 1 јуни истекнува рокот за пријавување за учество во комисијата која треба да ги ревидира спорните учебници по социологија за II, III и IV година гимназиско образование. Откако на првиот повик немало доволен број на пријавени кандидати, Педагошката служба повторно објавила повик, велат од Министерството за образование и наука за Мета.мк.

На повикот може да се пријават најмалку еден наставник/соработник од факултети од областа на наставниот предмет за кој е наменет учебникот со најмалку 10 години работно искуство во наставата, за местото претседател на комисија и најмалку двајца наставници од основното, односно средното образование за наставниот предмет за кој е наменет учебникот со најмалку 10 години работно искуство во наставата кои би биле членови на комисијата.

Претходниот повик беше објавен на 9 март и траеше до 20 март. Доколку до 1 јуни не се пријават или исполнат условите за избор на Комисијата, од МОН велат дека повторно ќе реагира Педагошката служба.

Во тој случај Педагошката служба ќе се обрати до соодветните универзитети и училишта за да предложат можни кандидати кои би можеле да бидат членови на комисиите. Доколку кандидатите се согласат да учествуваат во комисиите, од нив ќе биде побарано да достават пријава со комплетна документација согласно условите од Законот за учебници за основно и средно образование, појаснуваат од ресорното министерство.

Од невладината организација „Коалиција Маргини“ ја поздравија препораката на Народниот правобранител со која му се укажува на Министерството за образование и наука да спроведе ревизија на учебниците по социологија за втора година гимназиско образование и да ги замени спорните содржини со текстови кои се ослободени од дискриминација по која било основа.

Драгана Дрндаревска, правничка од тимот на „Маргини“ вели дека она што се случува во образованието е резултат на целиот однос на државата што го има кон секторот образование. Таа го посочува фактот дека секоја влада во ова министерство ги менува министрите, а со тоа се покажува несериозниот третман на образованието во РСМ.

Со Закон е утврдено дека не треба да има дискриминација во учебниците. Очигледно е дека тие не ги почитуваат законите кои самите ги носат. Сите ние плаќаме за учебници во кои се вели дека жената треба да седи дома или пак, дека луѓето со потемен тен се помалку интелегентни, па затоа имаат и слаби резултати во образованието. Што е со децата Роми, тие треба да учат од овие учебници. Никој не се грижи доволно за тоа, изјави Дрндаревска за Мета.мк.

Таа е децидна дека институциите не се подготвени или, воопшто не сакаат да го решат овој проблем. Како што вели таа, граѓаните не се заинтересирани за оправдувањата на МОН и на Педагошката служба туку крајниот резултат, а тоа се квалитетни и современи образовани содржини без дискриминација.

Во правото, директната дискриминација и вознемирување не можат да се оправдаат со недостаток на компетенции на кадар или несоодветни законски процедури. Секако дека има начин, недостасува волја и сериозен третман на прашањето. Не може да очекувате луѓето што ги напишале учебниците да најдат спорни елементи во лекциите кои што самите тие ги креирале. За тоа е потребна независна експертиза со вредности и големи познавања по конкретниот предмет, потенцира Дрндаревска.

Таа потсетува дека на интитуциите им се понудени опции како експерти од страна на невладиниот сектор кои би работеле на овој проблем, но се чини дека МОН само ги oтстранува или делумно ги повлекува спорните учебници, како што вели таа, а со тоа воедно и се нарушува квалитетот на образованието.

„Секоја постапка за измени на учебници поради дискриминаторска содржина доколку не вроди со резултат – современ учебник, без предрасуди и дискриминација, со позититивни и демократски содржини за еднаквоста и човековите права, е нецелисходна и претставува изигрување на препораките на Народниот правобранител, здруженијата, телата за човекови права на ООН, Советот на Европа и ЕУ. Неквалитетните учебници придонесуваат вакви мизерни резултати какви што имаме во образованието“, посочува Дрндаревска.

Текстовите со стереотипи врз основа на род, брачен и семеен статус, раса, етничка припадност, здравствен или социјален статус и дискриминација се причина поради која граѓаните реагираат секоја учебна година. Наместо да ги поттикнат младите нови генерации, критички и отворено да размислуваат и учат за светот, се чини дека содржините ги зацврстуваат веќе вкоренетите стретеотипни размислувања кај некои од нив. Дел од примерите се дека хомосексуалноста е девијантно однесување, како и за тоа дека ако жената е затворена во домот и нема никакви јавни улоги, таа нема можност да прави кривични дела.

Next Post

Мелиса Ценовска од Тетово го победи Ковид-19 и не дозволи вирусот да се пренесе на семејството

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk