Во Тетово и тетовскиот регион денеска се регистрирани 10 нови случаи на заразени со корона вирусор, со што вкупниот број на овој регион стигнал на 292 заразени.
Од нив 136 веќе се излечени, 24 починале, а 132 се активни случаи во 5 општини. Новите случаи од последните 24 часа се во руралните општини од две кластери, и тоа 6 во Општина Теарце и 4 во Општина Боговиње.
Како што информираа од општинскиот кризен штаб, по градската општина каде има 159 заразени од кои 9 починати, втора со најголем број на заразени е Боговиње, која има многу повеќе од другите рурални општини, или вкупно 58 регистрирани позитивни случаи со КОВИД-19, а од нив 6 починати. По оваа општина се реди Теарце со 36 заразени (2 починати), Брвеница со 19 заразени (1 починат), Јегуновце 13 заразени (2 починати) и Желино со 7 регистрирани случаи и 4 починати пациенти.
Скринингот во сите објекти на градинката “Младост” во Тетово завршил без ниту еден позитивен случај од вкупно 151 тестирани.
Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи очекува Владата да го дозволи градскиот и меѓуградскиот транспорт, а се противи на продолжување на рестриктивните мерки.
„После два и пол месеци нема никаква потреба повторно да се враќаме на полициски час. Оваа мерка нема да даде никакви резултати. Минатава недела на телевизиите имаше неколку прилози од Инфективна клиника и со тоа многу поверодостојно ќе може да се убедат овние граѓани кои се скептици за постоењето на вирусот. На овој начин, со вакви ТВ емисии, може поефикасно да се подигне нивната свест кај населението тоа да се придржува до препорачаните мерки, отколку што тоа ќе го направи полицискиот час. Како полициски час сметам дека нема да даде никави резултати”, изјави Арифи.
А. Зеќири