ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Филипче: Со оваа стратегија и тестирање практично ги изолиравме сите контакти на заболените меѓу нив и асимптоматичните

June 8, 2020 17:13
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во изминатата недела се направи тестирање на контактите на веќе дијагностицираните заболени. Екипите на центрите за јавно здравје интензивно работеа на терен во овие неколку кризни региони. Таквото тестирање таргетирано беше рана дијагностика за навремена изолација на сите контакти кои се носители на вирусот во рамките на познатите кластери. Се покажа дека најголем број од заболените се всушност заболени на семејни или на други собири, па со ваквата стратегија и тестирање практично ги изолиравме сите контакти на заболените меѓу нив и оние кои немаа симптоми.

Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека околу 65 проценти од активните позитивни случаи во Скопје се поврзани со познат случај, а од нив 90 проценти паѓаат во 41 кластер. Слична е состојбата, посочи министерот, и во другите три кризни региони каде има најголем процент од заболените и тие се во рамките на истите кластери.

Потенцира дека полицискиот час за викендот дозволил многу полесен пристап и брзо тестирање на сите контакти, што беше отежнато во многу случаи во изминатите денови минатата недела.

– Позитивно е што и покрај оној иницијален отпор што го имаше на некои места, сега има навистина подобра соработка со граѓаните. Епидемиолозите многу полесно успеаја да пристапат и да тестираат. Апелирам до граѓаните максимално коректно да соработуваат со епидемиолозите и да даваат точни податоци. Огромен процент од новодијагностицираните пациенти се со лесна клиничка слика или се асимптоматски и од вкупниот број на хоспитализирани во овој момент само осум пациенти се на механичка вентилација.

Тој се осрвна и на денеска објавените податоци за состојбата со Ковид-19 и посочи дека направени се 702 тестирања, а во изминатото деноноќие регистрирани се 127 нови случаи со Ковид-19 и тоа во: Скопје-67, Куманово-1, Дебар-1, Штип-33, Тетово-10, Струга-5, Охрид-6, Кочани-2, Пробиштип-2. Потенцира дека има тројца починати и седум оздравени и тоа во: Скопје-4, Тетово-2, Гостивар-1. Починати се три лица. Вкупната бројка на дијагностицирани е 3.152, а досега починаа 156 лица.

– На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на возраст од 70 години, хоспитализиран на 4 јуни и двајца од Скопје, пациент на возраст од 62 години, хоспитализиран од 5 јуни и пациент на возраст од 78 години, хоспитализиран на 2 јуни. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.343. По завршени епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера регистриран во Куманово е од Скопје. Досега во земјата се направени вкупно 37.027 тестирања на КОВИД -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото денонокие 28 теста се во рамките на скринингот во градинки во Кочани, каде нема позитивни на Ковид-19, рече Филипче.

Нагласи дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 12 нови пациенти, вкупно се хоспитализирани 71 пациент, на кислородна поддршка се 39 пациенти и нема пациенти на механичка вентилација.

– До утрово во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 42 пациенти. На респираторна машина се осум пациенти, a со потешка клиничка слика се уште седум пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 13 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 24 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 39 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19, додаде Филипче на прес-конференцијата на која се обратија и претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски и директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, Арбен Зибери.

Next Post

Џонсон: Насилството ги обесмисли антирасистичките протести

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk