ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Заев: Стручното образование обезбедува добра иднина за младите

Иако бројката на невработени е падната на 17,5%, сé поголем е недостатокот на квалификувана работна сила. Во една таква околност треба да направиме убав спој на младите луѓе коишто завршуваат средно образование, на компаниите коишто сé повеќе и повеќе ги има во нашата земја и на државата и државните институции за да добиеме win-win-win ситуација

October 26, 2019 12:10
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамките на кампањата за промоција на стручното образование и занимања, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев вчера ја посети практичната настава во Средното градежно училиште „Здравко Цветковски“ (ГУЦ) во Скопје, пренесува МИА.

Учениците кои ќе бидат идни градежни инженери, проектанти и геодети, презентираа како се проектира и се работи со 3D принтер, како се ѕида гипсен ѕид и како се извршуваат теренските геодетски мерења.

Премиерот Заев  рече дека голем процент од младите луѓе многу полесно ќе најдат работа ако навремено уште во образованието се насочуваат за стручните потреби на пазарот на трудот.

„Дефинитивно, иако бројката на невработени  е падната на 17,5%, сé поголем е недостатокот на квалификувана работна сила. Во една таква околност треба да направиме убав спој на младите луѓе коишто завршуваат средно образование, на компаниите коишто сé повеќе и повеќе ги има во нашата земја и на државата и државните институции за да добиеме win-win-win ситуација. Младите луѓе веднаш по завршувањето на средното образование, се обезбедени со трајно вработување, квалитетни и одржливи примања кои што значат гаранција за нивниот кариерен раст. Со дуалното образование ја добиваат неопходната практична квалификација зашто до крајот на своето образование стигнуваат некаде околу 70% од своето време да го поминуваат во практична настава директно во компаниите, и преку пракса знаат што ќе работат“, подвлече премиерот Заев и додаде дека тоа е корисно и за компаниите кои однапред ќе можат да го планираат својот производствен процес знаејќи дека има квалификувана работна сила којашто ќе може да ги исполни нивните идни развојни планови.

„Како држава треба да обезбедиме младите да имаат своја квалитетна перспектива и да бидеме подготвени како држава со квалификувана работна сила за да го подржиме севкупниот раст и развој на нашата земја. Пред два дена присуствував на финалната фаза од градењето на фабриката на германската компанија „Гересхajмер“ за производство на производи од фармацевтската и медицинската индустрија, инвестиција која ќе обезбеди 400 работни места.  Ваквите напредни технологии на производство, имаат потреба од стручни кадри, кои веќе при школувањето имале практично искуство кое подоцна се  реализира преку зголемена  ефективност и продуктивност во работењето“, рече премиерот Заев и додаде дека во соработка со Агенцијата за вработување се развиени програми за поддршка на вработувањето, вклучувајќи ги и лицата со посебни потреби, како и за поддршка на младите преку младинска гаранција, тренинг, до-едукација и нивна подготовка, сето тоа во функција на конечната цел – младите да бидат повеќе згрижени, вработливи и среќни овде во државата.

Next Post

Заев во Прилеп, пренос во живо од трибината „На прав пат“

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk