ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сугарески: Изградени и обновени преку 400 километри патна мрежа, капиталните инвестиции продолжуваат

Оваа Влада покажа како треба да се работи, цела држава е едно огромно градилиште и уверувам дека со исто такво темпо ќе продолжиме да работиме и понатаму, подвлече Сугарески.

June 19, 2020 16:07
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА

Се обновуваат 10 километри од регионалниот пат Алденци – Житоше. Инвестицијата вредна 320.000 евра е по барање на жителите и со неа исполнуваме уште еден од ветените владини проекти, истакнаа министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов кои денеска заедно со премиерот Оливер Спасовски и градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски извршија увид во работните активности.

Како што рече Сугарески, паралелно се работи и на рехабилитација на патот Крушево – Слива – Пуста Река.

-Овој пат јас го ветив пред граѓаните и ова е нашето исполнување. Активно работиме и на рехабилитација на патот Крушево – Слива – Пуста Река. Кога сме кај Крушево, сакам да истакнам дека покрај во патната мрежа, инвестираме и во подобрување на комуналната инфраструктура. Завршивме со проектите за подобрување на водоснабдувањето во Борино и Саждево и при крај сме со изградба на канализацијата во Норово. Дополнително, со Општината работиме и на проектот за подобрување на водоснабдувањето во Јекреново, така што целосно ќе ги реалзираме проектите што ги имаме во програма за Крушево, напомена министерот.

Според него, сите планирани капитални инвестиции ќе се реализираат со предвидената динамика.

-Сè што ветивме во владината програма, активно го работиме на терен: преку 400 километри патишта, дваесетина проекти за канализации и водоводи, изградба на магистралниот гасовод и други капитални проекти. Оваа Влада покажа како треба да се работи, цела држава е едно огромно градилиште и уверувам дека со исто такво темпо ќе продолжиме да работиме и понатаму, подвлече Сугарески.

Директорот дополни дека се работи и на регионалниот пат Лажани – Житоше.

Сите овие проекти се во Програмата на ЈП за државни патишта уште од 2019 година и немаат никаква врска со изборите што следуваат. Проектите предвидени за овој регион, за дел од кои тендерите се веќе објавени, а дел ги објавуваме следниот месец, се реализираат преку Европска банка за обнова и развој и се проектираа најмалку една година. Граѓаните можат да очекуваат почеток на рехабилитација на регионалните патни правци Крушево – Демир Хисар, Кривогаштани-Крушево, Битола-Демир Хисар, Другово-Демир Хисар и Кичево – Македонски Брод. Во целиот овој регион од Кичево и Македонски Брод до Крушево, Демир Хисар и Битола интензивно ќе се гради за доброто на сите граѓани, рече Китанов./МИА/

Next Post

Прилеп доби ургентен центар, модернизирана и Болницата која дава здравствена грижа на 100 000 жители од регионот

НАЈНОВО

Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

August 31, 2025
Фото: Муцунски ФБ

Муцунски: Филипче е противречен, од една страна говори за уставни измени, од друга за прекин на преговорите ако има ново вето

August 31, 2025

Поголем дел од Аеродром и Ново Лисиче и дел од Центар без струја поради дефект на трафостаница

August 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марс – мистерии, мисии и идни патувања на Црвената планета

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поглавицата легнува со жена, се буди со коњска глава, ја бакнува и оди на работа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поголем дел од Аеродром и Ново Лисиче и дел од Центар без струја поради дефект на трафостаница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk