ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шекеринска: Учениците од Дебреште ќе добијат нова спортска сала

Инвестицијата е вредна 24 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на државата, поточно од Министерството за образование и наука и од Банката за Развој при Советот на Европа.

June 19, 2020 16:12
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, СОЦИЈАЛА

Заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска заедно со замениците министри за образование и наука Елизабета Наумовска и за локална самоуправа Дејан Павлески извршија увид во изградбата на спортската сала во училиштето „Али Фетхи Окјар” во село Дебреште, Општина Долнени.

Спортската сала ќе се простира на 650 метри квадратни и ќе биде комплетно опремена со спортска опрема и реквизити за мали спортови како кошарка, одбојка, ракомет, мал фудбал и други.

– Убедена сум дека кога ќе дојдеме овде после септември, ќе можеме и со учениците и со наставниците и со граѓаните на Општината Долнени да го прославиме целосното заокружување на овој проект. После 40 години зборување, сега можеме да видиме со свои очи дека салата е тука и можеме да сметаме на тоа дека нашите млади нема да требаат да патуваат во Прилеп, за било каква спортска активност, туку ќе можат да спортуваат, да учат, да се образуваат блиску до својот дом и блиску до своето училиште, рекла Шекеринска, соопштија од МО.

Вицепремиерката упатила честитки до локалната самоуправа, до градоначалникот и до директорот на училиштето и до сите оние што се бореа за оваа сала да стане реалност.

Заменичката министерка за образование и наука Елизабета Наумовска информирала дека објектот се гради според највисоки стандарди за енергетска ефикасност и функционалност.

– Инвестицијата е вредна 24 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на државата, поточно од Министерството за образование и наука и од Банката за Развој при Советот на Европа. Во моментов спортската сала е во напредна фаза на градба, повеќе од 60 проценти, се монтираат панели и се очекува да биде комплетно завршена за почетокот на наредната учебна година, изјавила Наумовска.

Според заменикот министер за локална самоуправа Дејан Павлески Владата со поддршката на овој проект покажала слух за потребите на граѓаните од село Дебреште и пред сè за потребите на младите луѓе. Павлески истакнал дека Владата и преку други програми поддржува реализација на значајни проекти во Општина Долнени, како што е Програмата за рамномерен регионален развој преку која во последните три години се издвоени 25 милиони денари за локални инфраструктурни проекти.

Во оваа 2020 година ќе се подготвува проектна документација за изградба на патна инфраструктура токму во село Дебреште, а ќе се работи на реконструкција на патната инфраструктура и во други населени места во Општина Долнени во вредност од 10 милиони денари. Општина Долнени како и во изминатите години и во иднина ќе биде поддржувана од страна на Владата затоа што има реална потреба за тоа, рекол Павлески, се наведува во соопштението од МО./МИА/

Next Post

СДСМ: Со неосновани обвинувања Чулев нема да го спаси Мицковски од одговорност и изборен пораз, може само да добие кривична пријава

НАЈНОВО

Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

August 31, 2025
Фото: Муцунски ФБ

Муцунски: Филипче е противречен, од една страна говори за уставни измени, од друга за прекин на преговорите ако има ново вето

August 31, 2025

Поголем дел од Аеродром и Ново Лисиче и дел од Центар без струја поради дефект на трафостаница

August 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марс – мистерии, мисии и идни патувања на Црвената планета

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поглавицата легнува со жена, се буди со коњска глава, ја бакнува и оди на работа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поголем дел од Аеродром и Ново Лисиче и дел од Центар без струја поради дефект на трафостаница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk