Иако универзитетите во Британија се привремено затворени заради пандемијата од коронавирус, Малала Јусуфази објави слики на социјалните медиуми како прославува со торта и балони, боја и конфети на последниот ден од завршните испити како што е традиција на студентите на универзитетот Оксфорд, се вели во текст на Ројтерс.
Hard to express my joy and gratitude right now as I completed my Philosophy, Politics and Economics degree at Oxford. I don’t know what’s ahead. For now, it will be Netflix, reading and sleep. ? pic.twitter.com/AUxN55cUAf
— Malala (@Malala) June 19, 2020
Не можам да ја опишам среќата и благодарноста во овој момент, кога се стекнувам со диплома по филозофија, политика и економија од Оксфорд. Не знам што следува понатаму. Засега ќе биде Нетфликс, читање и спиење“ напиша Малала на Инстраграм и Твитер.
На социјалните мрежи стигнаа бројни честитки до младата Јусуфази, вклучително од хуманитарната Оксфам со зборовите „Ти си инспирација“ и од холивудската и боливудска ѕвезда Пријанка Чопра Џонас која има 54 милиони следачи на Инстаграм која напиша „Честитки Малала!! Тоа е прекрасно.“
Таа стана позната како 11-годишното девојче кое пишува блог под псевдоним за ВВС за животот во време на владеењето на пакистанските талибанци. Талибанецот кој пукал во неа, дошол во нејзиното училиште и ја побарал по име, по што отворил оган кон неа и двајца нејзини соученици во автобус.
Била итно пренесена во болница во Пакистан, а потоа на интензивна нега во Англија за да ѝ бидат извршени неколку операции. По закрепнувањето, Јусуфази се запишала на училиште во Англија пред да обезбеди место на престижниот универзитет Оксфорд.
Малала е најмладата добитничка на Нобелова награда која ја доби во 2014, на 17 годишна возраст. Наградата ја доби за нејзините заложби за образование. Преку Малала Фондот таа стана и светски симбол на женскиот отпор против репресијата.
А. Н. С.