ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Ковидот го шират други вируси

June 22, 2020 11:37
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Цел тениски свет се прашува каде и кога Григор Димитров го закачил ковидот.

Како поради здравјето на Бугаринот и на сите тенисери и други луѓе кои со него биле во контакт за време на турнирите во Белград и Задар, така и поради иднината на белиот спорт во услови на пандемија.

Горан Иванишевиќ, тренерот на Новак Ѓоковиќ и директорот на задарскиот турнир од серијата“Адрија”, чие финале беше откажано поради позитивноста на Бугаринот, итно долета на аеродромот во Орешани да ме праша: Тричко, да немаш некакви информации, а јас без размислување му реков: сто посто бил на некоја свадба во Македонија!

Се заебавам, нормално, но не на сметка на Григор, на кого му посакувам брзо оздравување или на Горан, туку на сметка на Македонците кои во недостиг на тениски великани и тениски турнири, изнаоѓаат други начини да ја шират смртоносната зараза, организираат свадби и полуматурски свечености, со гушкање и бакнување, паѓаат тука и туѓи јазици во устите, можеби и брз секс во кафеанските вецеа.

Ако му кажете на Македонецот дека вирусот може да го прошири така што ќе си ја начука главата во веце школката пред да пушти вода, тој тоа сигурно ќе го стори.

Хахаха!

Во меѓувреме анализите покажале дека уште тројца тенисери од друштвото на Димитров се позитивни на корона, а сите кои биле во контакт со него мора да одат на тестирања и на 14 дена во карантин. Задар и здравствените власти во Хрватска се ангажирани во обезбедувањето на услови за успешно ставање на ситуацијата под контрола.

Немам информации дали и Новак Ѓоковиќ е подложен на ист третман. Мислам, да, бидејки тој имал особено блиски контакти со Григор. Но, друго ми е зборот: немам ништо против во недостиг на светска забава со врвни тенисери, атлетичари, фудбалери или кошаркари, да се организираат свадби, полуматури или колективни веселби по повод изборот за пратеници во Собранието на Севена Македонија, ако младоженците односно нивните родители обезбедат свадбарите да останат да ѕуцаат во пломбираната кафеана, најмалку 14 дена. Па после еден по еден да се пуштаат оние со негативни тестови. На трошок на невестата. Или на младоженецот. Или на кумовите. Или на пратениците односно на нивните партии.

Хахаха!

Мислам дека под итно треба да се усвојат такви свадбарски протоколи и да се одредат интервентни полициски единици кои ќе обезбедуваат ниту еден сват да не ја напушти свадбата пред да истечат четиринаесет дена.

Македонија, да речеме, не знае дали Мицковски е тестиран откако се разбра дека мајка му е позитивна на ковид 19. Остана да му веруваме дека не бил во контакт со неа, но не сретнав информација дека човекот е негативен на вирусот и во новиот тест како што е негативен кон се живо. Си оди слободно во предизборни активности што е исто како сега тенисерите од Задар да се пуштат да играат во Загреб или во Париз.

Самата идеја на Ѓоковиќ да организира вакви турнири во услови на пандемија беше луда работа, макар и со најблагородни мотиви, но на првиот знак спектаклот е прекинат и целата ситуација е ставена под контрола или макар така се чини, луѓето работат во таа насока, тука во Македонија тоа е безмалку неизводливо затоа што проблемот не се неодговорни поединци или групи или случаи, туку проблемот е менталитетот, карактерот, пувлестоста на нацијата која обожава својата итрина во однос на државата и на сограѓаните да ја спроведува како пувеж во гаќи, подло и цинично и смрдливо, на начин на кој во секое време секој може да се прави будала и да вика: уф, како смрди, Перо, нема смисла, а Перо вика, не заебавај, Трпе ти го пушти, ти го познавам гасот по мирисот!

Зошто нацијата со такви својства се уште не е мртва. Зошто се уште прета нацијата која прави се за да ја загуби битката против короната. На чело со смртоносната авангарда што се вика вмро-дпмне. Јас ќе ви кажам. Во живот не држи здравствениот систем, здравствените работници, докторите, сестрите и сиот друг персинал, кризниот штаб, комисијата за заразни болести, министерот Филипче, Караџовски…Стоката ждере зелка салата и некакви крменадли, пие ефтина ракија оди да ја окупираат Осми септември и да бараат врски за кревети, респиратори и доктори и сестри.

Една друга слика која може да биде интересна и од аспект на короната, но уште повеќе од аспект на еден друг вирус, ми падна деновиве в очи.

И една снимка, разбира се.

Сликата прикажува тројца товариши кои гулјају со кубански пури, тој неизбежен аксесоар на македонските покондурени опинци, макединското сељачиште, просто, не е комплетно без пура, но, да го оставиме тој момент настрана за сметка на прашањето: Што бара најголемиот и најбогатиот македонски бизнисмен во друштво се еден осудуван лудак со рсистичкофашистичконацистички елементи во разбирањето на светот и векот и со еден чипиран идиот тапоглавец, морално и емотивно шкопено суштество, кој нема никакви проблеми од говното да направи пудинг, само ако му кажат дека е вморонско, од Мицко или од Никола. Тоа е исто како Ворен Бафет да отиде да се слика со белите полицајци што дават и убиваат црнци затоа што се црнци. Добро, знам дека Орце не е ни колку куровото влакно на Ворен, но сепак. Логично би било да внимава да не биде или макар да не го фатат во такво друштво, особено затоа што неговото богатство и неговиот бизнис во јавноста, а богами и и во некои правосудни постапки (Империја), се врзува со тешки форми на криминал. Јас мислам дека тоа е направено со идеја Камчев да му даде подршка на криминалот како политичка опција, односно како единствен начин да ја симне од грбот шепата на правната држава колку и да е таа во моментот неконсолидирана. Неговата тековна одбрана беше на линијата на компромитација на правната држава, на медиумскиот сектор и на политичките фактори кои со сите слабости се стремат кон систем на правото. Мислам дека му е јасно дека реформите што ќе следат по изборите нема да можат да се легитимираат како реформи, нема да бидат веродостојни, ако не го закачат него. Тој е контролна точка на македонскиот пат кон правото, односно кон државноста, односно кон опстојот.

Снимката е, се разбира, од разговорот на Лалита и Сашо. Тоа е втората контролна точка. Немам коментар. Само препорачувам да го чуете тој разговор преполн со страсти, пари, судбини, врски, тепачки, лигавења, казни, притвори, затвори, неверојатно, неверојатно.. правосудниот систем како провинциски фудбалски клуб во кој Сашо е главен менаџер, а Лалита му е човек од доверба во соблекувалната, го имформира на кој колкав му е, дали пие, дали е поткуплив, дали го оговара или не дај боже саботира, хахаха, се има, само нема чанта.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Костовски: Без план и без резултати, за една година се распаѓа владата на ВМРО-ДПМНЕ

May 14, 2025

Калевска-Ванчева: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

May 14, 2025

(ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилно нестабилна Влада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk