БЈОРНСОН Баркбу и Ебле од ММФ: Владата делуваше брзо и спроведе успешни времени мерки, а клучна улога имаше и Народната банка.
ЦЕЛИОТ Коридор 8 се реконструира, патните правци се обновуваат и за една година граѓаните ќе добијат целосно обновена модерна патна мрежа со која нашата земја се поврзува со соседна Република Бугарија, велат од СДСМ.
МАНЧЕВСКИ гледа повреда на законот, ИНЕРКОМ повика на дијалог, од MMA велат прекинот на програмата на кабелските оператори е кривично дело.
БЕРМУДСКИ медиумско-политички триаголник – пишува Билјана Јордановска.
ФРОНТ: Ковидот го шират други вируси – колумна на Бранко Тричковски.
ПРВИОТ соло настап на младиот пијанист Милан Дучевски во пиjано центарот при Националната опера и балет вечер, со почеток во 20 часот, ќе се емитува на Фејсбук страницата и на YouTube каналот на приватното училиште Пијано Арт.
ПЕТСТОТИНИ шеесет и шест лица добиле решенија за изолација, а 178 лица потпишале изјава за самоизолација во изминатото деноноќие.
СКОПСКИТЕ градоначалници на состанок со Комисијата за заразни болести. Се очекува, на состанокот да се дискутира за можноста локалните самоуправи да се вклучат во справувањето со коронавирусот.
АГЕНЦИЈАТА за катастар на недвижности повторно работи со капацитетот со кој работеше пред состојбата на пандемијата со коронавирусот.
САНКЦИОНИРАНИ 143 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, известуваат од Општина Центар.
ХРВАТСКИОТ премиер Андреј Пленковиќ и поранешната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ со сопругот, беа на тенискиот турнир „Адрија тур“ во Задар, каде финалето беше откажано, откако беше потврдено дека тенисерот Григор Димитров е позитивен на новиот коронавирус.
ГУЖВИ во бродовите и кафулињата во Грција, непочитување на мерките во Атина, Миконос и Егина.
ПО точно 99 дена киносалите во Франција повторно се отворени – првата проекција беше организирана синоќа минута по полноќ во киното Комартан во Париз
БПЛНИЦИТЕ во ЕУ се подготвуваат за вториот бран на заразата со коронавирусот, преку обука на резервната работна сила и организирање на нивната мобилност.
ИСОЧНОЕВРОПЕЈЦИ од германската кланица со 1.300 заразени, заминале во своите земји.
Ј. Ѓ.