ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје санкционираа 143 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, известуваат од Општина Центар.
„Во периодот од 15.06. до 21.06.2020 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 75 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 68 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.“, се вели во соопштението.