ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Манчевски гледа повреда на законот, ИНЕРКОМ повика на дијалог, од MMA велат прекин на програмата на кабелските е кривично дело

June 22, 2020 10:09
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Институтот за развој на електронски комуникации ИНЕРКОМ, по синоќешниот едночасовен прекин на емитување на ТВ програмите од страна на кабелските оператори, оцени дека принципиелниот дијалог е единствен пат до конечно наоѓање прифатлив компромис и решение на сите страни.

-Институтот упатува предлог до новиот пратенички состав на пост изборното Собрание и новата легитимна и легална Влада да донесе соодветни законски измени, во интерес на сите страни, а најмногу во интерес на граѓаните како крајни корисници, притоа држејќи до европските правни норми и регулативи, следејќи искуства од развиените држави, стои во коментарот (https://inrekom.org.mk/komentar-operatori-kanali-avmu/) што го објави денеска ИНЕРКОМ.

Кабелските оператори синоќа по 18 часот времено го прекинаа реемитувањето на телевизиските програми со исклучок на тие од јавниот сервис, во знак на протест од, како што соопштија, наметнати неуставни обврски во Законот за аудио и аудиовизуелни услуги.

Македонската медиумска асоцијација (ММА) која ја сочинуваат 5-те национални телевизии –Алфа, Алсат-М, Канал 5, Сител и Телма, нивниот потег го оцени како самоволие и тешко кривично дело. Порачаа дека петте телевизии целосно ги имаат уредено авторските и сродните права за целата содржина што ја емитуваат,  како и дека управителите за тоа гарантираат под целосна морална и кривична одговорност.

Министерство за информатичко општетсво и администрација во соопштение укажа дека со прекинот на програмите е направена повреда на членот 115 од Законот за електронски комуникации, притоа упатувајќи и на условите под кои може да дојде до прекин на емитувањето на програмите, како и на последиците од непочитувањето на ЗЕК. Корисниците на услугите на операторите ги советуваше дека законски имаат право за надомест на штета од страна на операторите, поради прекршување на одредбите од претплатничките договори, како и соодветна правна заштита преку Агенцијата за електронски комуникации.

-Во однос на тоа дали е нешто уставно или не надлежна институција е Уставниот суд, порача ресорниот министер Дамјан Манчевски.

Next Post

Бјорнсон Баркбу и Ебле од ММФ: Владата делуваше брзо и спроведе успешни времени мерки

Shortcut

Најново

Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

Од 15 до 18 октомври започнува 45. Скопски џез фестивал: Четири вечери, 13 земји и ексклузивни концерти

September 15, 2026

Партиски пресметки за судството: СДСМ обвинува за неказнивост зa Кочани, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со модуларната болница во Тетово

September 15, 2026
Европска централна банка (фото: Wikipedia)

ЦИВИЛ Медиа анализа: Каматите не ги диктира само Франкфурт, поскапувањето на кредитите не е автоматско

September 14, 2026

Филипче предлага конкретни мерки: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

September 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk