ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Совет на амбасадори: Изборите во фер атмосфера со почитување на протоколите

June 25, 2020 10:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Советот на амбасадори укажува дека претстојните парламентарни избори чија предизборна кампања веќе започна за кои мора да постои јасен и неутрален мониторинг, ќе треба да се одржат во слободна и фер атмосфера со почит и спроведување на задолжителните здравствени протоколи, наведува Советот во соопштение.

– На тој начин, во европски дух ќе покажеме дека зачекоруваме во демократски амбиент. Ова е неопходно за до крајот на оваа година после формирањето на нов парламент и влада да манифестираме единствен настап кон ЕУ во очекување на старт на преговори ослободени од национализам и тесно партиски калкулации, а со вистинско расчистување на бројни проблеми во правосудниот систем заради чие недоволно ангажирање и поврзување со државни структури опстоија криминалот, корупцијата како голема кочница за развивање на економскиот систем без кој нема никаков напредок и државата нема иднина, оценува Советот.

Советот, како што се посочува во соопштението, со ваков однос, е во очекување на позитивни вести за датумот односно преговарачката рамка и како пакетот за проширување наше е да работиме и да покажеме дека навистина припаѓаме кон евроатлантските интегративни процеси.

Натаму Советот наведува дека развојот и брзото проширување на пандемијата предизвикана со коронавирусот во речиси сите земји на светот последниве денови се одрази во поагресивна форма и кај нас предизвикувајќи реално и здравствена криза.

– Советот и во оваа прилика нагласува дека надлежните државни институции сеуште немаат јасна визија во борбата против Ковид-19 и смета дека најголемиот товар и понатаму падна врз здравствените работници кои се истакнуваат со нивното професионално соочување и на кои Советот им дава посебна почит, додека од друга страна сеуште постои доза на потценување на проблемот од страна на граѓаните и верските институции, стои во соопштението.

Се додава дека статистичките податоци кои се и натаму загрижувачки од повеќе аспекти, укажуваат на потреба за единство во оваа компликувана ситуација и мудро однесување на сите граѓани, верските лидери а особено на политичките фактори кои се во партиските структури кои пак се подготвуват за веќе закажаните предвремни избори за идниот месец на 15 јули.

Next Post

МЗ: Изминатите три години интензивно се работеше на подобрување на условите во ЈЗУ

Shortcut

Најново

Фото: НАСА

(ВИДЕО) НАСА подготвена за лансирање на вселенскиот телескоп „Роман“: Финална инспекција на примарното огледало 

May 30, 2026

Африканскиот феминистички крик на ОФФест: Моќниот женски колектив „Les Amazones d’Afrique“ доаѓа во Скопје

May 30, 2026
Фото: Скриншот, видео Ролан Гарос

(ВИДЕО) Тинејџерот Фонсека го исфрли Ѓоковиќ, Ролан Гарос ќе добие нов Грен слем шампион

May 29, 2026
Анаис. Мотив, Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

May 29, 2026
Фото: Лени вон Гелева

Никола Гелевски – Коља е добитник на наградата „Македонско стрип наследство“ за 2026 година

May 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk