Минатата ноќ во Тетово и Бутел биле уништени рекламни предизборни материјали на коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива.
На чкртаните постери од Зијадин Села и Африм Гаши, напишале пароли на ДУИ и бројот 9 кој е реден број на ДУИ во гласачкото ливче на претстојните парламентарни избори.
Од партијата на Села и Гаши апелирале до нивните симпатизери да не потпаѓат на вакви провокации и да се стрпат уште две недели додека трае кампањата.
А. Зеќири