ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Реформите на методологијата за преговори и на иднината на ЕУ да течат паралелно со почетокот и текот на преговорите

Целосно сме согласни дека процесот на преговори треба да биде зајакнат, поефикасен, посуштински и да овозможува реверзибилност кога за тоа има потреба. Но исто така сме убедени дека процесот на реформи на методологијата за преговори и на иднината на ЕУ може и мора да течат паралелно со почетокот и текот на преговорите со Северна Македонија и со другите држави во регионот

October 29, 2019 18:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Целосно сме согласни дека процесот на преговори треба да биде зајакнат, поефикасен, посуштински и да овозможува реверзибилност кога за тоа има потреба. Но исто така сме убедени дека процесот на реформи на методологијата за преговори и на иднината на ЕУ може и мора да течат паралелно со почетокот и текот на преговорите со Северна Македонија и со другите држави во регионот, пренесува МИА.

Ова го кажа премиерот Зоран Заев во Рим, на заедничката прес-конференција со италијанскиот премиер Џузепе Конте и изрази надеж дека дискусијата за новата методологија и за почеток на преговори со Северна Македонија до Самитот во Загреб следната година ќе се заокружи во интерес на сите.

– Најдобро за нас и најдобро за ЕУ е да има жив, активен процес кој ќе ни помогне во реформите кои и онака сме решени да ги правиме во наш интерес… Во овој момент, какви било алтернативни или експериментални идеи како евентуална замена за членството во ЕУ, може да бидат опасност за стабилноста и за напредокот на Западниот Балкан. Државите од Западен Балкан се опкружени од држави членки на ЕУ и ние сме внатре како остров во ЕУ, тие немаат друга подобра иднина освен членството и реинтеграција таму каде што припаѓаме – во Европската унија. Тоа го знаат и нашите граѓани кои во високи 85 проценти сакаат и очекуваат членство во ЕУ, истакна Заев.

Премиерот во своето обраќање,  кое го пренесува владината прес-служба, истакна дека оодлуката на Европскиот совет ги разочарала нашите граѓани, дека тоа  чувство го споделила и речиси целата Европска Унија и нејзините држави членки и оти многумина коментираа дека се случи историска грешка. Таа историска грешка, рече Заев, има време и начин да се исправи во наредниот период и ние сме подготвени заедно со партнерите од ЕУ да работиме на тоа.

Заев на прес-конференцијата му се заблагодари на својот домаќин – премиерот на Италија, Џузепе Конте,  за поканата за денешната средба која, како што рече, доаѓа во момент кога ни треба поддршка на нашиот евроатлантски пат.

-Тој тоа на дело го покажа на Европскиот совет на 17 и 18 октомври оваа година, а оваа средба докажува дека тој продолжува со искрените напори за донесување вистинска одлука во наредниот период за нашата земја. Ние тоа високо го цениме, а Италија и премиерот Конте ги сметаме за незаменливи партнери и пријатели на Република Северна Македонија и на целиот Западен Балкан, истакна Заев.

Тој посочи на добрите билатерални односи помеѓу двете земји и рече дека Италија е наш стратешки партнер, голем пријател, со која имаме одлична трговска размена.

-Како што кажа и премиерот Конте, во 2018 имавме 650 милиони евра трговска размена која е за 13 отсто поголема од 2017, додека само првото полугодие на 2019 е 373 милиони евра, значи оваа година ќе имаме над 700 милиони евра трговска размена помеѓу нашите две земји. Сакам да ја искористам приликата да упатам порака до италијанските деловни луѓе, да ја чувствуваат Северна Македонија како своја земја, да дојдат, да инвестираат, да најдат начин да ги прошират бизнисите, тоа ќе е добро за италијанскиот народ, но секако и за македонскиот народ, истакна Заев на прес-конференцијата со италијанскиот премиер Конте.

Владината прес-служба претходно соопшти дека италијанскиот премиер истакнал дека  Италија секогаш ќе биде покрај Северна Македонија и ја поддржува одлука за почеток на преговори.

– Сакам на вашиот народ да му кажам дека нема да дозволиме да се почувствува несигурен. Се работи за историска грешка која мора да ја исправиме, рече Конте.

Тој истакна дека Северна Македонија предводена од премиерот Заев е пример за сите балкански земји, како држава која со храброст ги решава отворените прашања, а притоа има голема поддршка од Италија.

– Благодарение на оваа храброст Северна Македонија ќе стане членка на НАТО. Затоа дозволивме земјата да се зачлени во НАТО. Затоа на Северна Македонија треба да и се дозволи да оди понатаму кон Европа. Тоа не значи веднаш влез во ЕУ, туку преку 35 поглавја во преговорите, рече италијанскиот премиер Конте.

Next Post

СДСМ: Трајко Славески призна дека немаат програма, затоа бегаат од брзи избори

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk