Во гостување во Топ Тема на Телма, владиниот советник за евроинтеграции Бојан Маричиќ најпрво изрази жалење што опозицијата не успеала да се израдува за ниту еден успех на државата во изминатите 3 години и, во врска со датумот за почеток на преговори, тој појасни дека со добивањето на одлуката во март и утврдувањето на рамката наесен формално започнува меѓувладината конференција.
Морам да признам дека навистина, жалосно што опозицијата не успеа да се приклучи и да се израдува кон ниту еден успех на нашата земја во изминатите три години.
Ние во изминатите три години го одблокиравме нашиот пат кон ЕУ. Имаше многу точки во коишто прескокнавме нова пречка и станавме членка на НАТО, опозицијата се обиде да ги негира, да ги демантира или да ги омаловажи сите овие успеси кои се на државата, а не на една или на друга партија.
Тоа за жал само покажува дека не можат да се надминат во заедничкото работење кон интеграцијата во ЕУ, и дека сакаат да соберат ситни политички поени. На секое нивно излагање дека датум сѐ уште нема, ЕУ ги демантира со нов чекор, еден чекор понапред кон официјалниот почеток на преговорите.
Ние во март имавме одлука за почеток на преговорите на ЕС, ова е еден чекор понатаму, значи имаме Предлог-преговарачка рамка од страна на ЕК, ќе следува токму утврдување на таа рамка на есен, и формален почеток со меѓувладина конференција до крајот на годината.
Не знам каков датум очекуваат?
Едноставно ова е тоа што постојано се случува да одиме чекор по чекор, стапка по стапка напред, и сите треба да сме среќни заради затоа што нашата држава до скоро, до пред три години додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт стратешките определби на НАТО и ЕУ беа чиста апстракција, недостижни цели, нешто за што можевме само да сонуваме, вели Маричиќ во Топ Тема.