На денешната посета на Северна Македонија, Метју Палмер, државниот секретар на САД за Западен Балкан, во Скопје, се сретна со министерот за надворешни работи Никола Димитров. По средбата Палмер ја истакна силната поддршка од страна на САД кон Северна Македонија во членството на НАТО и ЕУ, пренесе ЦИВИЛ.
„Секогаш е задоволство да се биде тука во Северна Македонија. Доаѓам во моментите кога земјата е блиску до членството во НАТО, и само прашање на време е кога ќе се случи. Уште еднаш, тука сум да ја истакнам и силната поддршка на САД кон Северна Македонија за членството во НАТО, како и на патот кон членството на ЕУ“, рече Палмер по средбата со Димитров.