На трибина која се одржува на ФОН на која присуствуваат кандидатите за пратеници од коалицијата „Можеме“, Оливер Спасовски, Сања Лукаревска, Мухамед Зекири, претседателот на СДСМ Зоран Заев рече „Ние носевме одлуки оти народот одлучил, ни дал доверба, редот беше на нас.“
Доста е, 30 години шлапаме во калта, тапкаме во место, во светот е четврта индустриска револуција, дигитализација и развој на инфорамтички технологии, младите можат за десет саати сега да одат во Токио или во Вашингтон или во Берлин или било каде. Светот оди напред, ние уште кавги дома Македонци – Албанци, па и со соседите. Доста е, се здруживме дома го изградивме концептот едно општество за сите, еве го нема никакви конфликти во државата, рече претседателот на СДСМ и носител на ИЕ 4, Зоран Заев.