ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Заев: Одиме со комплетно позитивна кампања, за сите „бомби“ досега поднесени кривични пријави

Во врска со тврдењата дека дека некои од бомбите се плод на прислушување, лидерот на СДСМ дециден – во земјава во 1 јуни 2017 нема прислушување.

July 5, 2020 12:54
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Комплетно позитивна кампања води коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, вели во интервјуто за МИА претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој посочува дека во текот на претставувањето пред граѓаните го истакнуваат она што планираат да го реализираат и при тоа немаат ниту можност, ниту време за негативен пристап.

-За разлика од нас, нашите опоненти комплетно од спотови до наративи и верувам дека господинот Мицкоски и на сонот со Заев збори или се штрека од Заев заради тоа што ме има во сите спотови. Ова е една грозотија, кој и да е, јас сум еден обичен човек, не може да се изначудите кој е тоа психолошки  стадиум на мозокот на еден човек за да може да има една толкава преокупација за да води таков вид на кампања, а знам дека тоа ќе им се врати негативно. Ние веќе поднесовме кривични пријави за бомбите заради тоа што е тоа казниво по закон, нагласи лидерот на СДСМ.

Заев истакна дека веќе поднеле кривични пријави за бомбите што се користат во кампањата и додаде дека бараат сето тоа да се истера до крај.

Пријавите, нагласува Заев, се поднесени за сите што објавуваат без разлика дали таргет е опозицијата, дали таргет е лично тој, владејчката партија или опозициската партија или кој било граѓанин.

-Прво сакаме да престане ова заради тоа што еден дел од граѓаните стрепат за приватноста и треба да знаат дека секој има право да тужи макар другар со другар да се снимаат па да објави. Тоа е незаконски, недозволиво и треба да го знаат. Втората работа политиката нели рековме да биде пример за сите и тоа е недозволиво, затоа тоа јавно го направивме односно транспарентно да знаат сите дека има работи во државата коишто се забранети и затоа процесуиравме пријави. Но секако само да дополнам овде, грозотијата која што ја слушаме во целото тоа, насилството на луѓе кои тоа што го правеле зборувајќи директно со своите гласови, носители на листи навистина е за голема казна од страна на граѓаните, истакна Заев.

Во врска со тврдењата дека дека некои од бомбите се плод на прислушување, лидерот на СДСМ дециден – во земјава во 1 јуни 2017 нема прислушување.

-Од 1 јуни 2017 наваму нема никакво прислушување. Апсолутно никој од јавните институции немаат допир до тоа, дури ОТА како агенција која што ги прави конекциите нема право на увид на материјал или што било. Толку е разграничено со европските директиви, тоа го работевме во реформите на безбедноста  заедно со европската делегација, ЕК, со многу експерти дојдени, плус од НАТО и јасно е разграничено, не постои никакво прислушување во државата, освен со судска пресуда за истрагите против кршењето на законите во Македонија, истакна Заев во интервјуто за МИА.

Next Post

Грција од утре ги затвора границите за Србите

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk