Денес на својот фејсбук профил обвинителката Ленче Ристоска објави дека двете слепи хаски кои се на инсулинска терапија им се украдени од дворот на нивниот дом во Лешок.
И двете кучиња се слепи, имаат шеќерна болест и не можат да преживеат без инсулинска терапија. Обвинителката јавно побара помош да се пронајдат или да им ги вратат, ветувајќи дека нема да покренат никакви постапки и единствено им е важно нивното здравје.
Ноќеска од нашиот двор во село Лешок некој ни ги украл Астра и Зоне, две слепи хаски со шеќерна болест. Не верувам дека…
Gepostet von Lence Ristoska am Dienstag, 21. Juli 2020
,,Ноќеска од нашиот двор во село Лешок некој ни ги украл Астра и Зоне, две слепи хаски со шеќерна болест. Не верувам дека тој што ги украл знае за нивната здравствена состојба, која ако не се третира може да е има фатални последици. Кучињата се ослабени од болеста и лесно препознатливи.
Ова е мој прв јавен пост и всушност е апел кој има било каква информација да не исконтактира бидејќи сме загрижени и вознемирени. Нема да покренуваме никакви постапки против лицата кои ги имаат украдено, само да ни се вратат.
Кутрињата се чипирани, така што апел до сите ветеринари на кои ќе им се донесат слепи хаски на преглед да ги проверат чиповите. Она што за некој можеби е играчка за нас е дел од семејството! Астра и Зоне се дел од нашето семејство 8 години и со ваша помош се надевам дека ќе успееме да ги вратиме и дека ќе се дел од нашето семејство уште многу години. Ви благодарам однапред на сите! телефон за контакт – 070389848 Љупчо“- напиша на својот профил обвинителката Ристоска.