Како одговор на, како што ги нарече, „неколку политички манипулации од некои политички партии што сакаа целосно да ги злоупотребат фармерите и земјоделците“, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ, одржа прес конференција.
„Водејќи се од тоа бев доскорешен министер сметам дека целокупната јавност треба да биде запознаена со реализацијата на изборната програма на што и сум лично горд, но и сум горд како дел од раководството на СДСМ, што најголем дел од изборната програма ветена пред граѓаните веќе во овој сектор е целосно реализирана. Одговорно, домаќински, како што доликува на една државничка партија каква што е СДСМ, ги решаваме проблемите на граѓаните и се грижиме за нив“ – изјави Николовски за јавноста.
„За прв пат после 11 години, имаме редовна, континуирана и неселективна исплата на субвенциите, без правење на било какви партиски списоци за што бевме сведоци. Дополнително, исплатени се и заостанатите, долгови кон земјоделците. Така, од 1 јуни 2017 година, па до сега, исплатени се долговите од 2013, 2014 и 2015 година кои минатата власт не ги сервисирала навремено и ги пренаменувала кон непродуктивни трошоци“ – тврди Николовски.
Бројките што ги соопшти Николовски говорат и за решавање на долгогодишниот проблем на лозарите од Тиквешијата. „Се исплатија 77 милиони денари на 2.048 лозари по основ на долгот што винарските визби го имаа кон лозарите во периодот од 2014 до 2016 година. Над 1 милион евра на 6.240 лозари, за дополнителната субвенција од 1 денар за килограм предадено грозје во регистрираните винарски визби. Со оваа се заокружи целосната исплата на субвенции за лозарството за мерките од 2018 година. Без доцнење, без селекција, без тактизирање ги исполнуваме сите наши обврски спрема земјоделците“ – рече Николовски. Според него, зголемена е и финансиската поддршка за промоција на македонските производи, вклучително и на македонските вина, што веднаш резултираше со пораст на извозот на македонското вино за 9%.
На прес конференцијата беа најавени и измени во законот за вино, односно дека во собраниска процедура се измени кои ја олеснуваат процедурата за регистрација на малите винарии и индивидуалните производители. Со овие измени се очекува зголемено производство, разновидна понуда на вински артикли и развој на винскиот туризам кој има реален потенцијал.
Николовски потсети и дека лозарите кои имаат развоен потенцијал, веќе добиваат поголеми субвенции за 20% за одржување на нивните лозови насади. „Ако ја вкакулираме и поевтината нафта која земјоделците ја добија со зелените картички, евидентно е дека успеавме во намалување на трошоците за производството, што само по себе носи поголем профит при продажбата на грозјето“ – вели тој.
Просечните откупни цени на најодгледуваните сорти Смедеревка и Вранец во 2018 се поголеми за 11% од истите во 2016-та година, а воедно цената во 2018 е и најголема откупна цена во последните 7 години.
„Токму затоа е нервозата во ВМРО-ДПМНЕ и токму затоа се овие политички манипулации со самите земјоделци“ – ѝ одговори посредно Николовски на злонамерната пропаганда.
Генсекот на СДСМ изнесе податоци и за субвенционирањето на тутунот, велејќи дека „совршено функционира реформскиот систем“.
„Тутунарите добија поголеми субвенции ,односно за прва класа тутун се добива 80 денари по килограм, за втора 70 , а за 3-та 60. Тутунарите бараа и добија поттик да произведуваат висококвалитетен тутун, што имаме сериозен импакт врз откупната цена. Изминатите две години се постигна највисока откупна цена на тутунот, реколтата 2017-та тутунот се откупуваше по 217,6 денари за килограм, а 2018 цената беше 214,5 денари за килограм. Она за што се залагавме беше поголема цена и поголем профит за одгледувачите на оваа многу важна традиционална култура. Тутунарите знаат дека она што го ветивме, ефективно го имплементиравме“ – рече Николовски.
Со мерката „зелена нафта“, 55.000 земјоделци што имаат полјоделски и градинарски култури, овошни и лозови насади, имаат можност да набавуваат за 30 отсто поевтина нафта за земјоделска механизација. На овој начин, 200 милиони денари, или околу три милиони евра се враќаат назад кај земјоделците. Со мерките од ИПАРД 2 програмата, на земјоделците им се овозможува да ја обноват дотраената механизација, и за првиот јавен повик склучени се 665 договори за набавка на трактори во вредност од над 5,4 милиони евра.
Со измени на Закон за персонален данок, се подигна прагот од 300.000 денари на 1 милион денари. Денес, земјоделците со основна дејност земјоделство, со приход до 1 милион денари имаат право на поврат на данокот, со што се враќаат назад пари кај земјоделците.
„Активно вложуваме во обезбедување услови за младите земјоделци, со цел оваа стопанска гранка да стане поатрактивна за младите луѓе. Така, 424 млади фармери добија грант од 10.000 евра. Со овие пари се набавени нови трактори, приклучна механизација, модерни системи за наводнување, опрема за пчеларство, ладилници и друга опрема. Со цел, поголема искористеност на мерката и поинтензивно вклучување на младите во земјоделството, оваа година поддршката е зголемена од 10 на 20.000 евра“ – изјави Николовски.
Од оваа година, за прв пат од кога е активна програмата за рурален развој, жените кои се занимаваат со земјоделство и преработка на земјоделски производи ќе може да аплицираат и да добијат неповратен грант од 3000 евра.
Што се однесува до сточарството, Николовски вели дека тоа беше запоставено, а сточниот фонд се намалуваше. „Во консултација со сточарите и преработувачите на млеко, обезбедивме услови и средства за набавка на добиток со високо-расен генетски капацитет со што директно вбризгуваме нови 150 милиони денари во оваа важна гранка“ – изјави тој.
Наместо закани, уцени, притисоци и селективен пристап, што беше одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, денес градиме партнерски однос со земјоделците следејќи ги нивните барања и реализирајќи ги нивните потреби.
„Почитувани, наместо на барок, споменици, жални врби и лажни палми на кои ВМРО-ДПМНЕ потроши стотици милиони евра, ние како одговорна партија, парите ги насочуваме назад кај граѓаните, кај земјоделците. СДСМ останува посветена на креирање и спроведување на аграрни политики и обезбедување на домашни и европски средства кои ќе го унапредат македонскиот аграр и ќе го зацврстат земјоделството како силна економска гранка“ – заклучи Николовски на денешната прес конференција.