Премиерот Зоран Заев денеска ќе направи увид во реконструкцијата на 110-киловолтниот далекувод ТС Штип – ТС Пробиштип, пренесе МИА.
Далекуводот е со должина од 25,21 километар. Станува збоо за капитален инфраструктурен проект што ги поврзува трафостаниците ТС Штип и ТС Пробиштип и е од исклучителна важност за овој регион. Финансиран со заем од ЕБОР, а инвестицијата за изградба е 2,45 милиони евра.
Премиерот Заев ќе биде придружуван од министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и од генералната директорка на АД МЕПСО, Ева Шуклева.