ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Големата купола од 20.6 милиони евра, тротинетот на Муцунски и оптимизмот на Заев

August 4, 2020 17:05
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Цели три мандати беше градено зданието каде денес пратениците ја одржаa конститутивната седница. Таа грдосија во која кичерајски насадиле објект во објект –  крушевска куќа претпоставувам, под купола, генијалните архитекти му сместија на Собранието, а таа бурлеска граѓаните требаше да ги чини како што беше првично предвидено 10.5 милиони евра, за потоа нели сè по пропис и закон, ем анекс „договорче“ забумбарено и аминувано, испразни фантастични 20 милиони и 600 илјади евра наши пари.

Толку многу нè беа навикнале на вакви милионски суми во евра од огради, фасади и што ти знам што ли не во проектот разнебитување на државата наречен Скопје 2014,, па и овие 20.6 милиони и не ни изгледаа, а и ни изгледаат ни сега којзнае колку многу.

Се утврди дневниот ред за кој гласаа сите присутни пратеници, од кои еден гласаше воздржан. Одма претпоставив кој е тоа, а присутните новинари ми го потврдија тоа. Еден од двајцата. А двајцата беа воздржани за изборот на претседател на Комисијата за верификација на мандатите. Покажување мускулчиња на чиста процедура, е како да му кажам, чиста патетика.

Сценариото познато, тенко и провидно за секој нормален познавач на политичките прилики. Новиот Тодор Петров во собранието влезе за да биде заприметен, па било тоа и толку банално и очекувано.

И Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ се обиде да  остане забележителен уште првиот ден. Замислете, не му било дозволено на Муцунски да си го паркира тротинетот во Собраниската зграда, па се пожалил на Фејсбук, кутричкиот обесправен пратеник?! Тимчо сака да се прикаже како „енергетски ефикасен“ и „зелен“ пратеник што се грижи за животната средина, а доаѓа од партијата која со зеленилото и дрјвата за време на нивното владеење, се однесуваше како да им беа најголем душман. Нека не продава Муцунски „зелени“ вредности. По оние силни милиони вложени во реконструкцијата на Собранието од власта која ја предводеше вмрото од Муцунски три мандати, секако можеше да издејствува и еден присотен паркинг за неговиот електричен тротинет. Би рекол, Муцунски како првпат пратеник зелен è, колку ќе е ефикасен ќе видиме

Дали може да очекуваме конечно една досадна политичка битка каде ќе се натпреваруваат и борат за обезбедување на паркинг места за своите тротинети, за зелена свест, или ќе гледаме познати апсолутно различни партиско-политички пресеци зачинети овој пат со приврзоци и радикални трабанти, останува да ни покаже денот, неделата, месецот…

Едно е јасно, пред Собранието сега нема режирани вмровски протести. Крв во собраниската сала денеска нема да гледаат сеирџиите , па потоа да обвинуваат за неказнивост и немање правда. Немаше ни режирано пеење на химна од друга држава, ами протоколот си одеше нормално. Просто неверојатно екако може да се радуваме на така едноставни и нормални случувања денес, но со оглед што и како беше претходниот пат, немионовно е да се сеќаваме.

После седницата Заев со изјава дека мора да ќе формира стабилна Влада со четири-годишен мандат, но мора да се надмине национализмот. Тој додаде дека СДСМ е во позиција да формира влада и со ДУИ и со Алијанса и Алтернатива. Мицкоски како по обичај прво чекаше да види што ќе рече Заев, па потоа да почне и заврши со неговата препознатлива пост-изборна реторика, дека тој ќе формира влада. На што се темели таквиот оптимизам на Мицкоски, после онаа црна и националистичка кампања, навистина останува нејасно, но, да почекаме и најголемите лузери имаат право да се надеваат.

Да не беше разочарувачкиот едно-етнички марш на Алтернативците, каде организаторите не успеаа барем да се обидат да се надминат и да развиорат бар едно македонско државно знаме, после сите оние албански, американски и знамиња од ЕУ, ќе речев и покрај ваков јаден почеток има шанса да нè биде и тоа многу скоро. Вака, како за прв ден, не ветува многу, Но, ајде да видеме дали оптимизмот на Заев, кој засега единствено дава каква и да е нормална насока каде треба да се движиме, ќе се реализира, или ќе остане залудно потрошена реторика.

Next Post

Агенција за заштита на лични податоци: ДИК не го тестирала софтверот на ДУНА

Shortcut

Најново

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk