ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Заев: Почнуваме преговори за нов четири-годишен, полн мандат на стабилно мнозинство во Парламентот

August 4, 2020 14:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Денеска добиваме нов Дом на демократијата на Северна Македонија и на сите македонски граѓани. Нашиот парламент денеска ја одржа првата, конститутивна седница со учество на народните пратеници кои ја изразуваат волјата на граѓаните кои гласаа на парламентарните избори на 15 јули, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев во својата изјава по конститутивната седница на собранието.

Тој истакна дека се разговара исклучиво за формирање Влада која се грижи за сите граѓани подеднакво, ослободени од какви било етнички предрасуди или национализми, Влада која нема никакви дилеми кога е во прашање нашиот заеднички пат кој се вика „Северна Македонија – Едно општество за сите”.

„Во име на СДСМ, коалицијата МОЖЕМЕ и на сите 46 избрани наши пратеници, уште еднаш им благодарам на граѓаните за демократскиот капацитет и одговорноста кои беа демонстрирани на изборите – и уште еднаш уверувам дека нашите 46 пратеници, а сигурен сум дека има уште многу такви пратеници во овој состав – заедно ќе покажеме уште поголема одговорност кон сопствениот народ и сопствената држава – ќе градиме независен парламент – ќе ги претставуваме пред се интересите на граѓаните и на државата, пред партиските интереси – ќе му служиме на народот!

Државата им припаѓа на сите подеднакво. Државата е наша заедничка одговорност. Со оваа кауза денес се обврзуваме да градиме независен и одговорен парламент, вистински дом на демократијата.

Овој наш заеднички дом ќе ја избере и следната демократска, политичка, одговорна, европска Влада. Ние од денеска почнуваме преговори за нов четири-годишен, полн мандат на стабилно мнозинство во Парламентот, мнозинство кое ќе ни донесе стабилна и посветена четири-годишна Влада која е подготвена да сработи.

Ќе разговараме исклучиво за формирање Влада која се грижи за сите граѓани подеднакво, ослободени од какви било етнички предрасуди или национализми, Влада која нема никакви дилеми кога е во прашање нашиот заеднички пат кој се вика “Северна Македонија – Едно општество за сите”.

Ќе разговараме за Влада која е решена и која ќе се бори со криминалот и корупцијата на сите нивоа – секој ќе си ја носи сопствената одговорност, без разлика дали доаѓа од партија, од општина, од институција, дали е експерт, функционер, познат или непознат.

Особено внимание ќе посветиме на делот за прочистување на правосудството и на проверката на потекло на пари и капитал кај секој функционер, по пат на систем што заеднички ќе го договориме.

Екологијата, чистата и здрава животна средина, еко државата ќе бидат едни од најважните теми на кои ќе се посветиме.

Идните чинители во новата Влада ќе треба да се подготвени и за сериозна реформа на јавната администрација – зборуваме за промена која ќе донесе ефикасно служење на потребите на граѓаните, но и промена со која обемот на администрацијата ќе се намали за 20%. Зборуваме за помал број министри и за рационализација на јавните служби, но за поголем број и побрзи услуги за граѓаните.

Конечно, Владата за која ќе разговараме, на првото место од својата европска и граѓанска агенда, ќе ја има НОВАТА МАКЕДОНСКА ЕКОНОМИЈА.  Главните принципи се: платите да продолжат да растат, да вложуваме во младите и во рамномерниот регионален развој, да водиме посебна грижа за најсиромашните граѓани и да даваме постојана поддршка на домашниот приватен сектор. Јакнењето на економскиот стандард на сите граѓани ќе биде императив на новата Влада.

Ние во овој момент почнуваме со сериозни разговори поставени на сериозни принципи кои ќе ни донесат сериозна и посветена – Влада која движи брзо напред по европскиот пат, односно Влада посветена на економијата и правдата. Влада која ги отвора преговорите за членство со Европската Унија и Влада која со секое ново отворено поглавје од преговорите ќе воведува нови европски стандарди за подобар живот, тука во нашата убава земја.

Тоа го побараа граѓаните, тоа ќе го испорачаме.

Очекувам дека за 10-15 дена ќе имаме исход од овие преговори и дека многу скоро ќе ги кренеме македонските институции во полн капацитет да можат да се справуваат со најголемиот предизвик, невидливиот непријател КОВИД-19. Пред нас е есента која носи нова учебна година, нова грејна сезона, нови предизвици на болниците – пред нас е заедничка борба за јавното здравје и за економски напредок.  

Не` чека двојно повеќе и подобра работа – со ангажман на секој од нас, уверен сум дека заедно, одговорно и посветено – Ќе успееме! Затоа што навистина можеме – можеме и повеќе и подобро!“ изјави Заев после по конститутивната седница на собранието

Next Post

Повеќе оздравени од новорегистрирани случаи со Ковид-19, повеќе општини без новозаразени

Shortcut

Најново

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk