ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Сведоштвo на Македонка во Бејрут: Гладот е неизбежен, Либан ќе има храна само за следниот месец

Околу 300.000 либанци останаа без дом по големата експлозија на пристаништето во Бејрут. Од нив 80.000 се деца. Штетите се проценуваат на 15 милијарди долари, а по уништувањето на силосот за жито Либан се соочува со закана од глад.

August 8, 2020 11:16
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

„Бејрут е во шок, сите сме во тага и неверување. Глетката на пристаништето е како сцена од најлош апокалиптичен филм. Јас живеам во близина и од мојата зграда до пристаништето нема ниту еден здрав прозорец. Улиците се покриени со стакло, урнатини и паднати алуминиумски рамки… Зградите покрај брегот се комплетно уништени. Сè е уништено. Жално е на улиците на Бејрут“, вели за „Гласот на Америка“ (VOA), Македонка Трајковска, која веќе една година живее во Бејрут каде работи во УНИЦЕФ.

Македонка Трајковска фото: VOA

И додека државата се соочува со сериозни економски и социјални проблеми, расте бројот на инфекции на Ковид-19. Уништувањето на житните резерви само дополнително ја усложнува ситуацијата во државата која е зависна од увоз на храна, а која сега остана без пристаништето преку кое тој увоз се реализираше во најголем обем.

„Откако во експлозијата изгоре силосот со жито се проценува дека Либан ќе има храна за следните четири до пет недели. Последните проценки се дека гладот е неизбежен, бидејќи 70 проценти од храната се увезува и тоа најчесто преку пристаништето во Бејрут. Сега се подготвуваат пристаништата на југот за да примат достава на храна, но тоа е долгорочен процес. Другиот аспект на хуманитарната криза е што сите хуманитарни пратки на храна за Сирија доаѓаа преку пристаништето во Бејрут. Изгореа над 17 хангари со хуманитарна помош, како и магацинот на Министерството за здравство со најголемите медицински залихи за цел Либан, вклучително и со опремата за превенција од коронаворусот. Така, од секој аспект државата е во една навистина сериозна криза“, вели Трајковска.

Децата во Либан се особено погодена категорија во целата оваа ситуација.

„Околу 300.000 луѓе останаа без дом. 80.000 од нив се деца. За да биде катастрофата поголема 12 јавни здравствени установи и 34 училишта се уништени. Ова е сериозен удар за децата и долгорочно последиците ќе бидат големи“, вели Македонка Трајковска.

Целото интервју на Анета Шијакова со Македонка Трајковска за Гласот на Америка, ТУКА.

Next Post

Казнети 378 лица за неносење заштитна маска

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk