Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски после средбата со Претседателот на државата Стево Пендаровски истакна дека од овој момент ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со Пендаровски додека не видат, како што вели, дека истиот е претседател на сите граѓани.
„Од овој момент ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со Претседателот Стево Пендаровски“, рече Мицкоски.