ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

„Фајненшл Тајмс“: Макрон не е сам во изразувањето резерви кон проширувањето на ЕУ

– За волја на вистината, Макрон не беше сам во изразувањето резерви кон проширувањето на ЕУ кон Југоисточна Европа. Данска и Холандија ја поддржаа Франција во спротивставувањето на преговори за членство со Албанија. Покрај тоа, кога Европскиот парламент ја усвои Резолуцијата за поддршка на започнувањето на преговори за членство со двете балкански држави, 136 европратеници или речиси една четвртина од оние што гласаа, го поддржаа ставот на Макрон, оценува „Фајненшл Тајмс“.

November 5, 2019 12:38
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Со блокирањето на стартот на преговорите за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија, францускиот претседател Емануел Макрон го шокираше и го поткопа регионот, чија стабилност е поврзана со стабилноста на европскиот континент, оценува лондонскиот весник „Фајненшл Тајмс“ во анализата под наслов „Новото раководство на ЕУ мора да ги утврди своите правила во надворешната политика“, пренесе МИА.

Весникот оценува дека во случајот со Северна Македонија, потегот на Макрон ја покажал хипокризијата ЕУ, потсетувајќи дека Унијата долго време ветуваше почеток на преговорите за членство доколку земјава најде компромис со Грција околу името, услов кој беше исполнет со Договорот од Преспа, што стапи во сила во февруари.

– За волја на вистината, Макрон не беше сам во изразувањето резерви кон проширувањето на ЕУ кон Југоисточна Европа. Данска и Холандија ја поддржаа Франција во спротивставувањето на преговори за членство со Албанија. Покрај тоа, кога Европскиот парламент ја усвои Резолуцијата за поддршка на започнувањето на преговори за членство со двете балкански држави, 136 европратеници или речиси една четвртина од оние што гласаа, го поддржаа ставот на Макрон, оценува „Фајненшл Тајмс“.

Весникот смета дека Макрон е во право кога инсистира дека Унијата мора да се фокусира на внатрешните реформи, пред да прими нови членки, оценувајќи дека „најзначајниот проект на ЕУ“ – 19-члената Еврозона, останува до половина изградена куќа, а недостасува и широка европска акција во некои области како што се миграцијата и политиката за азил.

„Фајненшл Тајмс“ потсетува и дека се појавиле гласините оти вистинската цел на Франција е „засекогаш да ја затвори вратата на ЕУ за земјите од Западен Балкан“ и наместо тоа да им биде понудено членството во т.н. европска економска зона, со што тие држави би останале надвор од политичките институции на Унијата и би останале Европејци од втор ред.

– Неуспесите во Сирија и на Балканот се симптоми кои укажуваат на несигурната позиција на ЕУ во глобални рамки и на неефикасноста на француско-германската соработка. Но, ако ЕУ не може да ги реши работите пред својата врата, каде ќе може?, заклучува „Фајненшл Тајмс“ во својата анализа.

Next Post

Сасоли: Не се работи за историска грешка што не почнавте преговори, туку за застој што набргу ќе се надмине

Shortcut

Најново

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk