ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Иницијативниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ: Раководството на Мицкоски индиректно мотивира политичко насилство

Долгогодишна пракса во западните демократии е после пораз на избори лидерот на партијата да поднесе или во најмала рака да понуди оставка од позицијата. Не бараме ништо повеќе од ова. Бараме да  се свика Конгресот на партијата и да дискутира за овој демократски стандард.

August 29, 2020 11:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Иницијативата за свикување вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ испрати писмо до Делегација на ЕУ во Скопје и дипломатските претставништва во Скопје, а во врска со политичкото и физичко насилство врз членовите на Иницијативниот одбор.

Подолу е интегралниот текст од писмото:

Почитувани, дозволете да Ве информирам дека повеќе членови на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ се здружија во Иницијативен одбор и бараат политичка одговорност за лошиот резултат на ВМРО-ДПМНЕ. Нашиот активизам е во потполна согласност со демократските вредности за кои се залага нашата партија ВМРО-ДПМНЕ. Имаме еднинствено барање за свикување заседание на највисокиот политички орган на партијата – Конгресот.

Се бориме за запазување на веќе воспоставениот стандард за оставки. Долгогодишна пракса во западните демократии е после пораз на избори лидерот на партијата да поднесе или во најмала рака да понуди оставка од позицијата. Не бараме ништо повеќе од ова. Бараме да  се свика Конгресот на партијата и да се дискутира за овој демократски стандард.

Во име на Иницијативата за свикување вонреден Конгрес, сакам да ја изразам нашата загриженост од сѐ поголемото вербалното и физичко, политички мотивирано насилство со кое се соочуваат членовите на Иницијативниот одбор, кои јавно побараа оставка од Христијан Мицкоски.

Изминатите неколку дена откатко Иницијативата се официјализира, сите членови сме мета на вакви напади. Личната дискредитација и говорот на омраза стана најмало очекувано зло. Кај некои од нас, освен вербално, насилници се дрзнаа и физички да малтретираат. Во текот на вчерашниот ден, поранешниот пратеник и сегашен поддржувач на идејата за вонреден конгрес, Весна Дамчевска Илиевска пријави во полиција закани и тормозење со цел заплашување и повлекување од иницијативата.

Ние како иницијатива за  демократски дијалог во рамки на една политичка партија, најостро го осудуваме и се оградуваме од насилство. Уште повеќе, ако тоа се прави врз жена.

Во изминатиов период додека сме активни, во ниту еден момент не применивме говор на омраза или на било каков начин сме мотивирале негова примена.

За жал, во текот на вчерашниот ден, во изјава за медиумите, раководството на нашата партија ниту се огради, ниту го осуди физичкото насилство. Напротив, го оценија како „монтажа и конструкција која што е дел од новопромовираната коалиција помеѓу иницијаторите и Зоран Заев“.

Сметаме дека со оваа изјава, раководството на Христијан Мицкоски не само што не се огради, туку индиректно мотивира политичко насилство со испраќање порака до насилниците дека партијата стои зад нив.

Друг елемент на загриженост е фактот што иако полицијата ги лоцира насилниците и има изјави од нив, раководството на Христијан Мицкоски испрати порака дека не верува во институциите во врска со овој случај. Дека ние сме во некаква спрега со власта и полицијата монтира случаи.

Стравуваме дека сето ова свесно го прават со цел обесхрабрување на поддржувачите на иницијативата јавно да говорат.

Ве повикуваме да се заложите за осуда на политички мотивираното, вербално и физичко насилство, кое стана стандард на македонската политичка сцена кога членови на партии искажуваат став различен од оној на раководството./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Почна собраниската седница на чиј дневен ред е избор на нова Влада

НАЈНОВО

Демант на Спасовски: Никогаш не сум спречил контрола, ДПМНЕ во очаен обид да ја прикрие вистината за Кочани

October 12, 2025

(ВИДЕО) Герасимовски: Срамно, намерно се остава смет покрај празни контејнери за црна кампања, но ќе исчистиме

October 12, 2025
Фото скриншот

Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид ја проценува можноста за трансфер на Ерлинг Халанд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk