ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кристофер Хил: Емануел Макрон го предаде Балканот

Одлуката на францускиот претседател Емануел Макрон да го блокира членството на Северна Македонија и Албанија во ЕУ, стави симболичен крај на ерата по 1989 година. По падот на Берлинскиот ѕид, и американските и европските лидери препознаа дека ширењето на Европскиот проект (ЕУ) е клуч за европски мир и просперитет. 

November 8, 2019 10:30
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Кристофер Р. Хил

Кристофер Р. Хил

пишува: КРИСТОФЕР Р. ХИЛ

Уште од падот на Берлинскиот ѕид пред 30 години, западните лидери постојано нагласуваа дека не постои проблем на Европскиот континент кој не може да биде решен со помош на Европската Унија или со ширење на европскиот проект.

Но, долгорочното решение  се чини дека се менува, припишувајќи го тоа на внатрешните проблеми во самата Евроспка Унија и американската индиферентност.

Можеби на прв поглед изгледа чудно, Соединетите Американски Држави да охрабрат членство во нечиј туѓ клуб. Но од лидерска позиција во НАТО, примарната европска безбедносна организација, САД секогаш ги поддржуваше европските напори да ги консолидираат политичкото и економското заедништво на континентот. И ЕУ, од нејзина страна, препозна дека членството во овој блок е логична аспирација за пост-Советските земји. Продлабочувањето и проширувањето на ЕУ структурите се докажа многу потешко од она што многу американски набљудувачи го сметаа, европските лидери продолжија, а САД ги поддржаа, затоа што за нив беше полесно да бидат на страната на ЕУ, особено по Студената Војна која се водеше меѓу САД и Русија.

Емануел Макрон

Европскиот Совет на скорешниот состанок, на Самитот на 17 и 18 октомври потврди дека нешто, сепак, се променило. Францускиот претседател Емануел Макрон ја донесе судбоносната одлука да го блокира стартот на преговорите за влез во Унијата на Албанија и Северна Македонија.

Со Велика Бријанија која ја напушта ЕУ и повлекувањето на канцеларката Ангела Меркел од политиката, Макрон е очигледен наследик на европското лидерство. Но, неговите причини за проширувањето на ЕУ се неразбирливи. Многумина, дури и оние Балканци кои се склони кон верување во теории на заговор, сметаа дека Макрон, едноставно, нема апетит за тешките процеси на прием на уште две нови земји кои би требало да станат членки, а се од сè уште проблематичниот регион, наспроти внатрешните предизвици со кои ЕУ веќе се соочува.

Сепак, разочараноста, дури и лутината за Макроновата одлука можеше да се насети и во Тирана и во Скопје. Северна Македонија, покрај сè, само што го промени официјалното име, со цел да ја смири Грција, која стави вето на Македонија во 2008 година, поради сличноста на името на грчкиот регион Македонија. Во меѓувреме, Бугарија, членка на ЕУ, ги исфрустрира напорите на Северна Македонија, обвинувајќи ја Македонија дека бугарски херои ги присвоила како свои и бараше Северна Македонија да ги промени сите учебници по историја.

Зоран Заев

Соочени со сите овие барања и борејќи се со корупцијата наследена од претходната власт (чиј лидер, чудно, доби азил во Унгарија), Северна Македонија, со релативно новиот и неискусен премиер Зоран Заев, заклучи дека земјата мора ургентно да стане дел од НАТО и ЕУ.

Заев го истурка долгиот и тежок процес за промена на името, ги нормализираше односите со Грција, ги смири Бугарите и аплицираше за членство. Тој знаеше дека промената на името не помина добро, дека многу Македонци го сметаат тоа за понижување, но дека тоа ќе се оправда и надмине со влез во ЕУ.  Со оглед дека и НАТО и ЕУ го адресираа спорот со името како најголем проблем за членство во Алијансата и Унијата, Македонците силно се надеваа на старт на преговори и влез во двата сојуза.

Од своја страна, НАТО си остана на позициите. Иако се чека уште неколку членки да го одобрат членството, сепак се очекува на декемврискиот Самит, Северна Македонија да стане полноправен член на НАТО Алијансата. Но, процесот за отпочнување преговори за влез во ЕУ стана навистина бавен.

Доналд Трамп

Макрон, кој кажа многу малку на темата, се чини загрижен дека со продолжување на зголемувањето на Унијата, ќе се отежни реформирањето на управувачките структури. Но, со наглото кочење на процесот, го стави Заев во незавидна положба. На Македонците им пропаднаа надежите и во април повторно ќе излезат на предвремени парламетарни избори.

Во минатото, би се очекувало САД да истапат и да помогнат. Но, во време кога американскиот претседател Доналд Трамп има силно недефинирана надворешна политика, се чини дека проблемот со малите Северна Македонија и Албанија дури и не го регистрира.

Секако, можно е Трамп да е уморен од однесувањето на францускиот претседател како да е ѕвезда. Но, исто така, можно е Трамп да не сака Албанија и Северна Македонија да бидат дел од ЕУ. Сепак, најверојатно е тоа дека Трамп, едноставно, нема поим што, всушност, се случува на Западен Балкан.

Пред само неколку години, САД несомнено работеше да го олесни приемот на овие земји во ЕУ. Додека членството на ЕУ не ги реши своите проблеми, ќе биде лесно да се препознае институционалната слабост и ќе ѝ даде сигнал на реваншистичка Русија дека геополитичката игра на Балканот е при крај.

Со оглед на траумата што ја претрпе регионот во последните 25 години, Америка и Европа имаат должност да го исполнат ветувањето кое го дадоа по Студената Војна.

 

Автор на текстот е Кристофер Р. Хил. Тој е поранешен Помошник на Секретаријатот на САД за Источна Азија, поранешен амбасадот на САД во Ирак, Јужна Кореа, Македонија и Полска и Специјален дипломатски претставник за Косово, преговарач во Дејтонскиот мировен договор, и шеф на преговарачкиот тим на САД со Северна Кореја од 2005 -2009 година. Во моменотв е професор по дипломатија на Универзитетот во Денвер.

превод и обработка: Ивана Т.Зафировска и FRONTLINE.MK 
извор: Project syndicate

Next Post

СДСМ: Светските лидери го потенцираа нашиот напредок, само Мицкоски дава антидржавни изјави

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk