Не ја гледам здравата логика да се протестира за покачување на струјата, кога таа и сега е поевтина во споредба со 2017 година како што ја заткнавме, порача Заев во емисијата „Отворено студио“ на МТВ.
Просечна сметка за струјата во 2006 година беше 822 денари а во 2017 1635 денари, односно покачена за 100 проценти, со воведувањето на евтината тарифа на струјата, сметката се намали на 1309, односно падна за 326 денари заради евтината тарфиа, појасни Заев, додавајќи дека и со сегашното покачување е 228 денари поевтина од 2017 година.
Државата прогресира Мицкоски протестира, за што, да си ја задржи фотелјата, истакна Заев.
Од друга страна чесно е да е се дадат 100 дена на владата, а не да се протестира по петиот, шестиот ден, рече Заев.