ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Германците повеќе се плашат од Трамп отколку од коронавирусот

September 10, 2020 21:50
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

И покрај коронавирусот, Германците се оптимисти и имаат толку малку стравови колку што одамна не се случило – е изненадувачкиот резултат од едно истражување, јави Дојче Веле.

Веќе 28 години, по налог на Рајфајзен Фолксбанке Осигурување Р+В, се спроведуваат анкети околу стравовите на Германците.

И токму во 2020, годината на короната, Германците се најмалку уплашени во споредба со претходните децении. Секако дека во јавност носат маска и се претпазливи. Но, страв од заразување со коронавирусот имаат само малкумина.

– Затоа индексот на сите стравови паѓа од 39 на 37 проценти, на најниско ниво од почетокот на спроведувањето на анкетите во 1992 година, изјави Бригите Ремштет, која го води инфоцентарот на Р+В Осигурување.

За студијата биле испитувани мажи и жени постари од 14 години. Анкетарите ги прашувале испитаниците за најголемите политички, економски, лични и еколошки стравови и притоа откриле дека короната на Германците им предизвикува релативно малку страв.

Само 32 проценти (изминатата година биле 35) стравуваат од тешко заболување во оваа година во која доминира коронавирусот.

– Исто така, само една третина од испитаниците стравувале дека нему лично или на лица од опкружувањето ќе му се случи зараза со корона, објаснува Ремштет.

Слични резултати покажало и испитувањето за трендот во Германија на првата германска телевизија спроведено на почетокот на месецов.

Германците, и покрај растечките бројки на заразени и свеста дека опасноста и натаму постои, сепак се доста релаксирани. Само 42 проценти од испитаниците стравуваат дека со глобализацијата во иднина може да има повеќе пандемии.

– Со оглед на брзото ширење на вирусот во светот тука очекувавме поголем процент. Според нашите сознанија, луѓето имаат многу повеќе страв од тоа дека вирусот им ја загрозува благосостојбата отколку здравјето, вели Ремштет.

На 3 ноември Американците избираат нов или старо-нов претседател. За многу Германци ова второво би било хорор верзија. За нив Доналд Трамп е на врвот на скалата на страв, пишува Дојче Веле. За 53 проценти од испитаниците најмногу страв предизвикува американскиот претседател – на прво место! Уште во 2018 водеше на ранг-листата во анкетата околу стравовите.

Професор Манфред Г. Шмит смета дека овие стравови се „основани“.

– Трамп со неговата надворешна политика постојано предизвикува меѓународни компликации, вели политикологот и како пример го наведува трговскиот конфликт со Кина, или напади против сојузници како Германија./МИА/

Next Post

Заев: Пензионирањето на 64 години ќе биде задолжително

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk