ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Најавено конституирање на собраниските комисии

Собранието на Република Северна Македонија иако конституирано не може да ја започне својата работа по законските текстови бидејќи парламентарните партии не можеа да постигнат договор за претседавањето со парламентарните комисии.

September 11, 2020 08:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата се очекува денеска да одржат седница на која треба да се гласа за составот на парламентарните комисии. Претседателот на Комисијата Костадин Костадинов веќе потврди дека парламентарните партии постигнале договор за тоа кој ќе претседава комисиите. Потоа составот на комисиите треба да помине и на пленарна седница.

Пратениците од СДСМ ќе претседаваат со осум собраниски комисии, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ исто така со осум, ДУИ со три вклучувајќи ја и Комисијата за уставни прашања, со која претседава претседателот на Собранието, пратениците од Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе претседаваат со две комисии, а Беса со една.

Пратеникот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ вчера изјави дека неговата пратеничка група ќе претседателствува со истите осум комисии како и во минатиот состав. Вели дека пратениците од опозициската партија ќе учествуваат на седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата и на пленарната седница на која треба да биде потврден составот на комисиите.

Иако договорот е потврден, засега се уште на веб – страната не е закажано заседание на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска ќе одржи брифинг со новинарите, прв по неговиот повторен избор, по што се очекува да се знае кога ќе биде свикана седницата на која треба да се гласа за составот на Комисиите и како ќе се одвива натамошната работа на Парламентот.

Собранието на Република Северна Македонија иако конституирано не може да ја започне својата работа по законските текстови бидејќи парламентарните партии не можеа да постигнат договор за претседавањето со парламентарните комисии.

Исто така, еден од пратениците на ДУИ е болен од Ковид-19, и се уште не е е верификуван мандатот на пратеникот кој ќе дојде на местото на сега министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, па, така се доведува во прашање и мнозинството во Парламентот.

Next Post

Најмалку десетмина загинати во пожарите во Калифорнија

Најново

Николоски: Градежните активности на автопатот Охрид – Кичево влегуваат во последната финална фаза

May 12, 2026

„Матица македонска“ ја објави „Без повод за поводи“ од Иван Антоновски – книга што создава нови поводи за читање на македонската книжевност

May 12, 2026

Тренчевска: СДСМ ќе го промовира новиот Закон за борба против корупцијата

May 12, 2026

ВЛЕН: Промовираме нова визија за децентрализација и вистинска автономија на општините

May 12, 2026

Министерот Мисајловски на отворањето на одбранбениот саем во Братислава

May 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk