Светската здравствена организација не знае кога ќе заврши пандемијата на коронавирусот, но претпоставува дека болеста ќе биде ставена под контрола во рок од две години, соопшти прес-службата на таа организација.
Денеска се навршуваат точно шест месеци откако СЗО прогласи пандемија, иако организацијата првично го сметаше појавувањето на вирусот Ковид-19 за пандемија со неколку жаришта.
„Од оваа гледна точка, не можеме да кажеме кога ќе заврши пандемијата, но можно е, со глобални напори и модерна технологија, да биде ставена под контрола за неколку години“, се наведува во соопштението.
Од СЗО истакнуваат дека државите треба да се фокусираат на четири приоритети – спречување на ширење на вирусот, оспособување на луѓето да се заштитат, основите на јавното здравје и заштита на ранливите категории, вклучително и стари лица и лица со посебни потреби.
СЗО исто така смета дека шест месеци по прогласувањето на пандемијата, вирусот остана заразен на ист начин.