Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ кој се „прослави“ за време на техничката влада како заменик министер за земјоделство со своите закани, манипулации, лажни вести и мобинг, со ново, скандалозно барање. До Собранието на Република Северна Македонија (како што му пишува во обраќањето) испратил барање да му се одобри „право за остварување плата по престанок на функција“, попозната како (л)апанажа.
Жеден за кеш, функционерот на ВМРО-ДПМНЕ за само неколкумесечен ангажман во техничката влада, сега бара апанажа, без трошка срам. Тој, веројатно, ќе остане запаметен по своето грубијанско однесување во монистерството и во јавноста. На почетокот од својот краток мандат, тој се шеташе со камера наоколу и влегуваше ненајавен во канцелариите на администрацијата, неовластено ги снимаше и ги навредуваше вработените.
Д. Е.