ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Димитров – Дендиас: Заедничка визија за нашиот регион кој е европски, без отворени прашања, со соработка и пријателство

September 16, 2020 19:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Одлуката за отворање на пристапните преговори за членство во ЕУ е клучна пресвртница и за Северна Македонија и за регионот во 2020 година, а воедно и потврда за посветеноста на Европската Унија кон нејзините геостратешки приоритети. Ова е главната порака што вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска ја испрати на средбите со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас и со алтернативниот министер за надворешни работи задолжен за европски прашања, Милтиадис Варвициотис, на кои Димитров им пренесе дека Северна Македонија од Грција очекува силна поддршка во интегративниот процес.

Како што информираат од Секретаријатот за европски прашања (СЕП), на средбата со Дендиас во фокусот на разговорот беше ваквата поддршка и помош од соседна Грција како суштински дел во новото поглавје на односите меѓу двете соседни земји, но и голем чекор кон заедничката визија за иднината.
Димитров, како што се наведува, информираше за очекувањата во однос на преговарачката рамка да биде усвоена до крајот на оваа година, за време на германското претседавање со Советот на ЕУ.
На средбата со алтернативниот министер Варвициотис беа разгледани регионалната и билатералната соработка помеѓу двете земји, со посебен акцент на активностите кои треба да се преземат во наредниот период за интензивирање и продлабочување на Акцискиот план за соработка и имплементацијата на преземените обврски од Договорот за стратешко партнерство и имплементација на Меморандумот за соработка потпишан помеѓу Секретаријатот за европски прашања на Северна Македонија и МНР на Грција. Се овозможува грчката страна да понуди конкретна техничка помош на македонските институции за побрзо усогласување на националното законодавство во конкретни поглавја од европското acquis.
 И двајцата соговорници посочија дека понатамошното спроведување на Преспанскиот договор ќе придонесе за продлабочување на билатералните односи, ќе им овозможи на двете земји да го искористат целиот потенцијал за политичка и економска соработка, но ќе овозможи и подобрување на соработка и координација во рамките на регионалните иницијативи. Беше договорена и посета на министерот Варвициотис на Северна Македонија во блиска иднина, се вели во соопштението.
Димитров по средбата изјави дека потполно се согласува со министерот Варвициотис.
– Потполно се согласувам дека и двајцата сме посветени заеднички да работиме за да го олесниме процесот на проширување и да ѝ помогнеме на Северна Македонија да го изоди патот и да ги заврши овие пристапни преговори кои започнуваат со меѓувладината конференција, рече Димитров.
Сметам, како што рече, дека делиме заедничка визија за нашиот регион кој е европски, без отворени прашања, со соработка, разбирање и блиско пријателство. Ова е визија која ни дава енергија да одиме напред.
-Се согласуваме дека е многу важно да се продолжи со целосно спроведување на Договорот од Преспа и со оглед на нашите сегашни портфолија, ќе работиме заедно на исто така инструментализирање на Меморандум за разбирање кој е потпишан во минатото. Тоа има врска со забрзување, олеснување, поддршка во процесот на пристапување кон Европа. Но, бидејќи овој процес е критичен за нас, тоа значи дека треба да ја донесеме Европа дома во смисла на европското законодавство, но исто така и во одност на стандардите, спроведувањето, бидејќи ова е долг, но веројатно и единствениот начин како да им овозможиме на нашите млади да имаат европски начин на живот и да останат дома, а не да одат во некоја странска земја членка, изјави Димитров.
– Изгубивме време, изгубивме генерации, но направивме огромен чекор напред и сега е време да го пополниме ова ново поглавје на блискост и пријателство со добри работи за двете земји. И сметам дека ова е веројатно клучната порака за првата посета на нашата нова влада. Мислам дека во однос на физичкото присуство, ние бевме најголемата делегација на конференцијата на „Економист“. Се сретнавме со претседателот, се сретнавме со премиерот, со многу деловни луѓе од Грција и министерства. Има ново поглавје, да ја искористиме можноста, порача Димитров.
Вицепремиерот Димитров овие средби ги оствари во рамките на работната посета на Атина како дел од првата владина посета во странство предводена од премиерот Зоран Заев./МИА/
Next Post

ЦЈЗ Куманово: 17 новозаболени, 13 оздравени од Ковид-19, активни 200 случаи

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk