„Не го даваме теренот“ е само еден од испишаните транспаренти на основците од Блаже Конески, кои денеска заедно со своите родители протестираа на училишното игралиште, јавува Телма.
Општината сака да го сруши и на тоа место да се изгради градинка. Аеродромци не се противат на градење уште една детска градинка, но бараат од надлежните да не им го земаат на децата единственото игралиште во овој реон на Аеродром.
За овој план на општинарите дознале откако виделе машини во дворот на школото.
Градоначалникот Златко Марин разговараше со околу 200 граѓани на Скопски Аеродром повеќе од два часа и рекол дека сепак, најважен е гласот на граѓаните, пишува Телма.