ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров-Техада: Важна поддршката на билатералните партнери во овој клучен период на евроинтегрирање

September 17, 2020 17:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, денеска оствари работна средба со амбасадорката на Швајцарија во Северна Македонија, Сибил Зутер Техада. Како што соопшти СЕП, на средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи помеѓу Северна Македонија и Швајцарија, кои низ годините се карактеризираат со искрено пријателство и разбирање.

Вицепремиерот Димитров истакна дека високо ја цени континуираната поддршка што Швајцарија ја дава во процесот на нашите европските интеграции, при што изрази задоволство што голем дел од проектите финансирани досега од страна на Швајцарија ги поддржуваат приоритетите на Владата во процесот на пристапување во ЕУ.

-Во ова клучно време во процесот на интеграција во ЕУ, од исклучителна важност е поддршката од нашите билатерални партнери. Врвен приоритет на Владата и на нашите билатерлни партнери во периодот кој следи останува остварувањето на реформските приоритети. Очекувам билатерлната развојна соработка помеѓу двете земји да се движи во иста насока, имајќи ја предвид тесната корелација на двата процеси, потенцира Димитров.

Во овој контекст тој изрази надеж дека ќе се интензивира соработката помеѓу амбасадата на Швајцарија и Секретаријатот за европски прашања, како институција задолжена за координација на странската помош во земјава во наредниот период.

Амбасадорката Техада додаде дека програмата за развој на Швајцарија во наредниот периодот ќе претставува континуитет на досегашната и ќе се фокусира на поддршка на реформите за исполнување на европските стандарди во земјата, градењето на социјално-инклузивна демократија, како и пазарна економија, истовремено обезбедувајќи одржливо управување со природните ресурси и истата е во корелација со националните развојни политики и стратегии.
Next Post

Позитивни на коронавирус 16 играчи и вработени од ракометниот клуб Голден Арт КЛ7

Shortcut

Најново

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026
Atlas - Boston Dynamics robot

Летото 2026 го означува крајот на четботовите: Како вештачката интелигенција стана наш автономен колега

June 25, 2026

Државниот завод за ревизија бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 25, 2026

Емоционалноста како сила: Дороти Пачкова во „Развојна академија“ отвора разговор за ранливоста, зрелоста и автентичноста

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk